Хотел Аура 4* – Охрид

Хотел Аура 4* – Охрид се наоѓа во непосредна близина на градот Охрид, на самиот брег на Охридското Езеро. Опкружен е со сопствен парк со прекрасно зеленило, дрвја чии сенки нудат мир и спокојство.

Чуствувајте се опуштено на отврената ресторанска тераса сос поглед кон езерото, која е идеално место за Вашето кафе, оброк или утринско / попладневно уживање.

Сместен на самиот брег на Охридското езеро, во непосредна близина на Охрид, со впечатлива глетка на езерската шир која плени, поранешниот хотел „Бетон“, кој сега се ребрендира во хотел „Аура“ нуди можнот за креирање незаборавни спомени.

Во непосредна близина на градот, а сепак притаен меѓу Галичица и Охридското езеро, како да ги спојува планината и крајбрежјето, опкружен со сопствен парк од прекрасно зеленило и дрвја, чии сенки нудат мир и спокојство.

Хотелот „Аура“ го нуди едно од најнезаборавните опуштања со утринско кафе или со романтична вечера, а доживувањата остануваат врежани таму каде се чуваат само најубавите моменти кои се прераскажуваат  како дел од животните приказни.

Со своите 74 високо-модерно опремени соби и апартмани, со врвната услуга и специјалитети, со сопствената плажа со бар, летна тераса со магичен поглед , „Аура“ не остава ниеден гостин да си замине рамнодушен, крунисувајќи ја целата приказна со прекрасни сеќавања кои будат постојана желба за уште едно несекојдневно искуство покрај Охридското Езеро.

За туристичка такса се доплаќа 40 денари по лице од ден, за да платите за кликнете ОВДЕ!

SHARE
  • Дестинација:Македонија
  • Траење:14 денови
  • ДАТУМИ : Sep 01 - Sep 15
    • Хотел:4
  • ЦЕНА :

    27,00123,00

Clear
број на ноќевања

Цените се по соба на база  полу пансион од ноќ според видот на сместување

Дополнителни услови:

  • Дете до 4,99 со двајца возрасни – Бесплатно
  • Дете од 5-11,99 со двајца возрасни – 50%
  • Трето возрасно на дополнително легло – 30% попуст од цената за ноќевање со појадок
  • Доплата за оброк за возрасен 8 евра
  • Доплата за еднокреветна соба плус 30%
  • Доплата за туристичка такса 40 денари по лице на ден – се плаќа во агенција

НАПОМЕНА: Вие го бирате типот на соба што ви одговара, дете до 4,99 години не е земено во предвид во описот, бидејќи не му следува легло и е бесплатно за него. 

Оцениле

Нема осврт.

Биди првиот што ќе сподели “Хотел Аура 4* – Охрид”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Clear
број на ноќевања