ХОТЕЛ AQUALINA 4*- ОХРИД

Хотелот „Аквалина“ располага со сопствена плажа. Во состав на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта, каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика. Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце. Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.

Располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби, крштевки, родендени и свадби. Во рамки на хотелот работи и летна тераса која Ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води. Врвните специјалитети на кујната ќе ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор.

Хотелот располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси, симпозиуми, семинари и бизнис средби. Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта, целосно опремени за непречено одржување на вашите настани. Располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал, кошарка, ракомет, тенис, одбојка, 1 терен за голем фудбал. Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби, а особено идеални за припреми на спортски екипи

Сместување:
1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај ,7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби,6 трокреветни соби.
Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ , кабловска телевизија,телефон,WI-FI, купатило,фрижидер,услуга во соба. Исто така располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите.

За туристичка такса се доплаќа 40 денари по лице од ден, за да платите за кликнете ОВДЕ!

SHARE
  • Дестинација:Македонија
  • Траење:44 денови
  • ДАТУМИ : Sep 01 - Oct 15
    • Хотел:4
  • ЦЕНА :

    39,0092,00

Clear
број на ноќевања

Цените се по соба на база ноќевање со појадок, полу пансион или all inclusive од ноќ според видот на сместување

За all incl сместување на минимум 3 ноќевања

Дополнителни услови:

  • Соба со дополнителен кревет за 3то лице – 30% попуст
  • Еднокреветна соба: +50% од цената на возрасен за лето , 30% од цената на возрасен за велигденските празници
  • Прво дете до 5,99 години – бесплатно со појадок, со вечера 5 евра се доплаќа
  • Второ дете до 5,99 години – 50% попуст од цената на возрасен
  • Деца од 6-11год – 30% попуст од цената на возрасен
  • Доплата за користење на сауна и спа када – 610мкд
  • Бесплатно користење на базен и лежалки на базен, интернет и паркинг
  • Лежалки на плажа се доплаќа 100мкд од ден
  • Доплата за соба со поглед 3 евра на ден по лице
  • Доплата за туристичка такса 40 мкд по лице од ден, се плаќа во агенција

НАПОМЕНА: Вие го бирате типот на соба што ви одговара, дете до 5,99 не е земено во предвид во описот, бидејќи не му следува легло и е бесплатно за него. За вечера за него 5 евра доплаќате директно во хотел ако сакате.

Оцениле

Нема осврт.

Биди првиот што ќе сподели “ХОТЕЛ AQUALINA 4*- ОХРИД”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Clear
број на ноќевања

ВИДЕО