FORMULA 1 ИСТАНБУЛ ЗА 11-ТИ ОКТОМВРИ

Ибис Стајлс Мертер е економичен хотел. Украсени во топли бои, собите располагаат со сите потребни елементи, вклучувајќи меки кревети, ТВ со широк екран, клима уред, агол за седење и модерна бања.

172 ЕВРА ПО ЛИЦЕ 

SHARE
  • Дестинација:Турција
  • Траење:4 денови
  • ДАТУМИ : Oct 07 - Oct 11
    • Хотел:ibis Styles Istanbul Merter Hotel 4*
  • ЦЕНА :

    172,00

Посета на трката во Формула 1 за големата награда на Истанбул. Уникатно искуство кое мора да се доживее. Формула 1 после пауза од 10 години се враќа во Истанбул и е единствената трка која има добиено дозвола за присуство на публика.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел “ Ibis Styles Istanbul Merter” 4* на база 2 ноќевања со појадок;https://all.accor.com/hotel/B430/index.en.shtml?dateIn=&nights=&compositions=1&stayplus=false#origin=accor
  • Организиран панорамски разглед на Истанбул;
  • Тридневна карта за тренинг, квалификации и главна трка за Големата награда на Турција на позиција General Admission 2 со вклучени трансфери (од хотел до стаза)
  • Посета на шопинг центарот Венеција;
  • Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
  • Организација и реализација на аранжманот.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење со брод по Босфор (со локален водич);
  • Патничко и здрвствено осигурување 300 денари;
  • Доплата за еднокреветна соба 2500 денари;
  • ПЦР тест за влез и излез од Македонија од 1750 денари ( 2 тестови, ориентациона цена );
НАПОМЕНА:

Поаѓање од повеќе градови низ Македонија

За влез во Турција потребно е да имате:

  • Биометриски пасош со валидност од најмалку 6 месеца
  • Негативен ПЦР тест или официјален документ дека се вакцинирале најмалку 14 дена пред влез во земјата или дека во последните 6 месеци ја прележале болеста.
  • Формулар за влез – секој што влегува во Р.Турција мора да се регистрира на следниот линк најрано 72 часа пред влегување во земјата и откако ќе се добие QR кодот, потребно е да биде во печатена форма или на мобилниот телефон
  • За враќање во Македонија потребен е ПЦР тест кој се прави во Р.Турција ( за лицата кои не ги исполнуваат условите пропишани од Министерство за здравство на РСМ )

План и програма

Состанок на групата во 18:30 часот. Поаѓање во 19:00
часот. Ноќно возење преку Р.Бугарија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. По пристигнувањето во Истанбул се упатуваме кон Формула 1 патеката за присуство на првиот (12:30-13:30) и вториот (16:00-17:00) тренинг. По завршувањето на тренингот се упатуваме кон хотел.Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

Појадок. По појадокот, следува панорамски  разглед на градот: Аја Софија, Плавата џамија, Топ Капи, Аксарај, Лалели џамија, Бејазитова џамија, Универзитетот, Римскиот аквадут, Златниот рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Сулејманија, Фатих џамија… По разгледот заминување кон Истанбул парк за присуство на третиот тренинг (13:00 – 14:00) и квалификациите за главната трка (16:00-17:00). Вечерта можност за факултативно крстарење по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел. Ноќевање.

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот посета на познатиот шопинг центар Венеција. Во пладневните часови се упатуваме кон Истанбул Парк за присуство на главниот настан Трката за големата награда на Турција (16:00-18:00). Поаѓање за Скопје по завршувањето на трката.

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.