ЕУРО ХОТЕЛ ГРАДЧЕ – КОЧАНИ

Еуро Хотел Градче на своите ценети гости им нуди сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинско пешачење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, излет со скара покрај езеро, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.

ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ

ЦЕНА ОД 23 евра ПО ЛИЦЕ

SHARE
  • Дестинација:Македонија
  • Траење:178 денови
  • ДАТУМИ : Апр 06 - Окт 01
    • Хотел:Градче
  • ЦЕНА :

    23,00150,00

Исчисти

Еуро Хотел Градче е лоциран на 6 километри северно од Кочани, на падините на Осоговските планини, на самиот брег на вештачкото езеро Градче. Еуро Хотел Градче располага со 21 комфорно-стилско уредени соби од кои 4 се апартмани. Хотелот има сопствен паркинг плац. Традиционална кујна со локални специјалитети. Ресторанот е со капацитет од 420 седишта и мал ресторан со капацитет од 90 седишта. Во рамките на хотелот функционира кафе бар и четири летни тераси позиционирани непосредно на брегот на езерото Градче. Во склоп на хотелот има билијард и пинг-понг маси. Сите апартмани и соби се опремени со стандард кревет, директна телефонска линија, 70% од собите имаат мини бар, а 30% имаат сопствен сеф. климатизација, тоалетна маса, ноќна ламба,кабловска ТВ, бесплатна интернет конекција, бања со тоалет, и 24/7 собна услуга. Повеќе од 80% од собите имаат и тераса со неповторлив поглед. Во зима објектот се затоплува со сопствено парно греење.

Вклучено во цена:

  • Вклучен појадок, појадок и вечера, полн пансион
  • Wi-Fi
  • TV
  • Греење/Ладење
  • Топла вода
  • Паркинг
  • Активности
  • Деца до 5.99 години бесплатно, од 6-12 години 50%
Исчисти