ЕГИПЕТ ЛЕТО 2022 ПРОМО ЦЕНИ ЗА ЦЕЛА СЕЗОНА

Хургада е бисер на египетскиот брег, со повеќе од 50 километри крајбрежје. Се наоѓа на Црвеното Море, кое од страна на туристите е наречено „Море од седум бои“ .

Новоизградените хотели кои го одземаат здивот со својата убавина, во комбинација со локалниот начин на живот, даваат вистинска слика за Египет.

Црвеното Море на кое се наоѓа градот е вистинска мамка за туристите кои се занимаваат со професионално и аматерско нуркање. Идеалната позиција на градот нуди можност за разни екскурзии.

ЦЕНИ ОД 624 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

SHARE
  • Дестинација:Египет
  • Траење:140 денови
  • ДАТУМИ : Мај 11 - Сеп 28
    • Хотели:4* 5*
  • ЦЕНА :

    628,00

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

– 6 ноќевања во избран хотел, по лице, на услуга All inclusive

– Аеродромски такси

– Авионски билет со чартер лет на релација Скопје – Хургада – Скопје

– 20 кг чекиран багаж по лице

– Трансфер аеродром – хотел – аеродром

– Организација на аранжманот

ЦЕНИТА НЕ ВКЛУЧУВА:

– Египетска влезна виза

– Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци

– Патничко осигурување

Напомена:

Деца до 2 години се сметаат за бебиња и плаќаат само такса од 25 евра.

Пасош со важност уште најмалку 6 месеци од датумот на завршување на престојот

Доколку авио компанијата – организатор на чартер летот направи промена на времето и редот на летање, организаторот на патувањето нема да сноси одговорност.

ХОТЕЛИ ОПИС

Хотел Кинг Тут се наоѓа во близина на центарот Sakala, а од аеродромот е оддалечен 5 километри. Лоциран е директно на песочна плажа. Хотелот располага со 133 соби. Сите соби имаат клима уред, мини бар, телефон, сателитска ТВ, фен за коса и балкон.Гостите на хотелот располагаат со 3 главни ресторани (од кои едниот е на плажа), 4 барови ( еден е на плажа), базен, сауна, jacuzzi, простории за масажа и анимационен тим за забава за време на целиот ден.Услуга: All Inclusive

Локација: Отворен е 2009 год, се наоѓа на приватна песочна плажа со корален гребен. Оддалечен е 5км од сакале и 6км од аеродромот.Соби: Има 220 соби со бања, фен, САТ ТВ, телефон, клима уред, мини фрижидер, сеф, балкон или тераса.Содржини: Хотелот поседува 4 ресторани и 4 бара, дискотека, менувачница, интернет центар, продавници, фризерски салон и салон за разубавување. На располагање на гостите е и плажата од хотелот Кинг Тут.Спорт и забава: Два базена, детски базен, мини аква парк со 4 тобогани за возрасни и 3 за деца, теретана, билјард, пинг понг, куглање, одбојка на песок, спортови на вода, амфитеатар, и др.Детски клуб, дискотека, игралиште и бројни активности за најмладите.

Хотелот се наоѓа на брегот, во стариот дел на Хургада, каде што има клубови, барови, ресторани, продавници, 500 метри од најтешкиот центар.Сите соби се климатизирани, со бања, мини бар, ТВ и телефон, 3 ресторани, бар, кафуле, здравствен центар, нуркачки центар, билијард, дискотека, масажа. два базени, од кој еден е за деца, а има и разни видови на анимации, како и детски клуб.Гостите можат да играат одбојка на плажа или билијард. Традиционалната италијанска кујна се служи во Casa Рустика, додека ресторанот China нуди кинески специјалитети.Гостите можат да уживаат во пијалок во англискиот паб или да се забавуваат  во дискотеката Калигула.Ресортот се наоѓа на 10 минутно возење од Хургада Меѓународниот аеродром.Услуга: All Inclusive

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Атрактивниот хотел Mercure Hurghada е хотел со 4*. Хотелскиот комплекс се наоѓа на околу 15км јужно од центарот на Хургада и зазема околу 40 хектари земјиште и поседува сопствена плажа.Хотелот има централна зграда со рецепција и помал дел на сместувачки капацитети,  како и сместувачки капацитети од типот на бунгалови или вили надвор од централната зграда.Хотелот поседува: базен, три ресторани, четири барови, тениски терени и други атракции кои им овозможуваат на гостите да уживаат во секој миг од својот летен одмор во Хургада.

Хотелот се наоѓа во туристичкиот дел на Хургадa, на 6 километри од Сакала. Отворен е 2001 година и има 270 соби.Секоја соба е опремена со сателитска ТВ, клима, мини бар, телефон, фен , тераса, безжичен интернет (со доплата). Во рамките на хотелот има трговски центар, салон за убавина, СПА, гардероба, сауна, џакузи, масажа, мини голф, терени за тенис, сквош, казино, билијард, два големи базени со одделен детски басен, бар во вода, центар за нуркање, анимациски тим, дискотека, доктор, банка, сервис за перење, сеф на рецепција (бесплатен е).Хотел има директен излез на приватна песочна плажа на која се наоѓаат лежалки, чадори и пешкири кои не се наплаќаат.На 50 метри од брегот се наоѓа коралниот гребен за сите љубители на подводниот свет и
нуркањето.Услуга: All Inclusive

Поставен околу градината Bella Vista Ресортот  има приватна песочна плажа, 2 отворени базени и сопствена пристаниште. Во делот на Сакала , хотелот  е близу до продавници и локални ресторани.Bella Vista нуди соби за хендикепирани лица, семејни соби и апартмани кои имаат приватни балкони со поглед на Црвеното Море или градини. Сите соби се климатизирани и имаат телевизор со рамен екран и сателитски канали како и мини бар.За џет-ски, нуркање и нуркањето, Bella Vista хотелот  располага со центар за водни спортови и одбојка на  плажа. Wellness на хотелот вклучува сауна, парна бања и фитнес.Трите ресторани на Бела Виста служат кинески, италијански и интернационална кујна. Музика во живо може да се ужива во некои од 6 барови. Алкохолни и безалкохолни пијалаци се служат во лоби, барот и диско.Услуга: All Inclusive

Локација: Desert Rose Resort е атрактивен хотел сместен на јужната туристичка обала од Хургада на сопствена плажа, оддалечен 10тина км од аеродромот и окулу 20 км од стариот центар на Хургада.Информации: Станува збор за голем хотелски комплекс кој зафаќа површина од окулу 300.000 м2 оплеменета со пријатно уредени градини, паркови, неколку базени, содржини за деца, повеќе барови, ресторани, како и 6 сместувачки блока во кои има вкупно 912 соби. Хотелот има сопствена лагуна окулу која се простира убава песочна плажа со должина од речиси 1км, особено атрактивна за семејства со деца. Познат е по одличната услуга, богатите содржини и одличниот All Inclusive концепт.Спорт и забава: На располагање на гостите се три главни големи базени – базен без активности, олимписки базен и отворен базен со анимации и посебен дел за деца со 2 тобогана. Хотелот има и посебен аква парк  со 6 тобогани, реновиран во 2021 година. Располага и со игралишта за различни спортови (одбојка, фудбал, кошарка, тенис), како и билјард, пинг понг, спортови на вода, спа центар, фитнес сала. Хотелот има активен аниматорски тим кои организираат разни анимации за своите гости во текот на целиот ден.Плажа: Хотелскиот комлекс има сопствена лагуна окулу која се простира убаво уредена приватна песочна плажа со должина од речиси 1км, која е особено атрактивна за семејства со деца. Водата во лагуната е пријатно топла, мирна и не се повлекува значително дури и кога се најголемите осеки. Освен главната плажа окулу лагуната, хотелот има и две помали плажи кои излегуваат на отворено море, како и понтон. на овие плажи има делови со корални гребени кои ги привлекуваат заљубениците во снорклинг или нуркањето во живописните води на Црвеното Море. Лежалките и чадорите на плажа се бесплатни за користење за хотелските гости.

Хотелот Meraki Resort  се наоѓа на сама плажа долга 2,6 км. која што е една од најубавите во овој дел на Хургада, каде што гостите можат да се релаксираат во амбиентот на Црвеното Море.
Секоја од 270-те соби се креативно дизајнирани и ги одликува спој на боемски стил и удобност. Сите соби се опремени со телефон, мини-фрижидер, клима уред и ТВ со сателитски канали. Секоја соба има бања со туш и балкон или тераса.
Во рестораните и баровите на објектот можете да уживате во вкусните оброци и големиот избор на пијалоци. Угостителската понуда ќе го задоволи вкусот на сите гости. Вечерата на база шведска маса се служи во главниот ресторан Munchery, а хотелот, исто така, има 7 различни à-la-carte ресторани. Resort Meraki Beach нуди 6 барови на различни локации и со различен амбиент, каде што можете да се релаксирате со прекрасни коктели на крајот од прекрасниот ден.
Овој хотел е на една од најдобрите локации во Хургада. До центарот на Хургада може да стасате со пешачење.Ресортот нуди можности за гнурење и нуркање, базени, 2 водени тобогани, релаксирачки масажи и салон за убавина.
Хотелот е само за возрасни.Услуга: All Inclusive

Локација: Хотелот е изграден во облик на буквата “U”, на две песочни плажи, од кои едната е на природна лагуна која навлегува во самиот хотелски комплекс а другата до самиот корален гребен, идеална за нуркање.Оддалечен е 3км од Сакала и 10км од аеродромот. Соби: Хотелот располага со 825 соби со бања, фен, САТ ТВ, телефон, мини бар, клима уред, сеф. Содржини: На располагање на гостите се два главни ресторани и два а ла карт (италјански и морски ресторан) пица-снек бар и повеќе други барови, дискотека, интернет центар, златарница, фризерски салон.Спорт и забава: Хотелот поседува еден базен и посебен, детски базен, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, билјард, центар за хуркање, спртови на вода, терено за сквош и тенис (во соседниот хотел). Спа центар со сауна, фитнес и турска бања.

ПРЕДЛОГ ХОТЕЛИ И ТЕРМИНИ

ЗА ДА ГО ВИДИТЕ ХОТЕЛОТ СТИСНЕТЕ НА ИМЕТО ВО ТАБЕЛАТА. КРАТОК ОПИС ВИДЕТЕ ЗА СЕКОЈ ХОТЕЛ ПОГОРЕ НА + ОТВОРЕТЕ  И ПРОЧИТАЈТЕ

ИНФО И РЕЗЕРВАЦИИ НА 070/213-471 или 071/451-633

Хотели-ХУРГАДА 6.08 17.08 20.08 27.08 3.09 14.09 21.09 1.10 15.10
SUNNY DAYS SPA &AQUA PARK 4* 711 еур 636 еур 615 еур 615 еур 703 еур 703 еур 703 еур 720 еур 728 еур
KING TUT 3* 728 еур 728 еур 728 еур 692 еур 594 еур 594 еур 594 еур 636 еур 711 еур
SPHINX HURGADA 4* 680 еур 680 еур 680 еур 669 еур 699 еур 636 еур 636 еур 636 еур 636 еур
BLEND CLUB AQUA RESORT 4* 625 еур 625 еур 625 еур / / / / / /
LE PACHA HOTEL 4* 637 еур 638 еур 636 еур 624 еур 624 еур 624 еур 624 еур 625 еур 628 еур
MARLIN INN AZUR RESORT 4* 696 еур 653 еур 646 еур 646 еур 646 еур 646 еур 652 еур 636 еур 636 еур
AMC ROYAL RESORT 4* 703 еур 694 еур 667 еур 648 еур 648 еур 648 еур 648 еур 703 еур 703 еур
MERCURE HURGADA 4* 676 еур 676 еур 676 еур 672 еур 651 еур 651 еур 651 еур 690 еур 690 еур
SEA STAR BEAU RIVAGE HOTELS 4* 696 еур 696 еур 696 еур 689 еур 657 еур 657 еур 657 еур 684 еур 684 еур
BELLA VISTA 4* 667 еур 667 еур 667 еур 662 еур 639 еур 639 еур 639 еур 653 еур 653 еур
DESERT ROSE 5* 879 еур 879 еур 879 еур 873 еур 847 еур 847 еур 847 еур 847 еур 847 еур
MERAKI RESORT 5* 832 еур 832 еур 832 еур 827 еур 799 еур 799 еур 799 еур 854 еур 854 еур