БУДИМПЕШТА 06.12-09.12.2022

Град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Будимпешта со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност. А, благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

Цена: од 179 еур 

SHARE
  • Дестинација:Унгарија
  • Траење:3 денови
  • ДАТУМИ : Дек 06 - Дек 09
    • Хотел:3*
  • ЦЕНА :

    179,00

Во цената е вклучено:

-Авионски превоз Скопје-Будимпешта-Скопје со Wizz Air

-Аеродромски такси

-Бесплатна рачна торба до 8кг со димензии (40x30x20 cm)

-Хотел со 3* -услуга 3 ноќевања со појадок(Предлог хотел B&B Hotel Budapest City 3* на 2 км од центарот)

Во цената не е вклучено:

-Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 3 еур шатл бус; 30-40 еур такси)

-Патничко осигурување

-Туристичка такса околу 3еур (информативно и се плаќа во хотел)

Доплата за чекиран багаж

Летови:

Скопје-Будимпешта 16:55-18:20

Будимпешта-Скопје 21:40-23:05

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

Предлог програма

По сместувањето во хотел, Ви предлагаме разглед на градот: Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина..

Предлагаме посета на музејот на ликовната уметност, плоштадот на хериоите и споменикот Миленум, унгарскиот национален музеј, градскиот Woodland парк и островот Маргарет…Вечерта факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав.

Предлагаме посета на Парламентот – најмаркантното обележје на градот. Слободно време за индивидуални активности или посета на некои од знаменитостите- Тропикариумот, Зоолошката градина или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот и сл. Вечерта, факултативна вечера во традиционален ресторан – чарда со танци и уметничка програма, како и мени од унгарската кујна.

Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот.