БРАТИСЛАВА 09.12-12.12.2022

Братислава е главен град на Словачка и е најголем град во републиката. Братислава се наоѓа на југозападниот дел на државата поставен долж двата брега на реката Дунав до границата со Австрија и Унгарија. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствен град во светот кој граничи со две независни држави. Опкружена е со винови лози и малите Карпати, прекриени со пошумени пешачки и велосипедски патеки. Градот уште од 18 век е познат по своите живи барови и кафулиња. На врвот на ридот се наоѓа реконструираниот замок Братислава кој дава прекрасен поглед на стариот град и на реката Дунав. Постојат многу градови во Европа, но само некои имаат единствена атмосфера што ќе ја сетите. Братислава, која силно веруваме, е една од нив.

Цена од: 215 еур

SHARE
  • Траење:3 денови
  • ДАТУМИ : Дек 09 - Дек 12
    • Хотел:3*
  • ЦЕНА :

    215,00

Во цената е вклучено:

-Авионски превоз Скопје-Братислава-Скопје со Wizz Air

-Аеродромски такси

-Бесплатна рачна торба до 8кг со димензии (40x30x20 cm)

-Хотел со 3* -услуга 3 ноќевања со појадок (Предлог хотел Downtown Bratislava Hotel 3* на 1км од центарот)

Во цената не е вклучено:

-Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 1 еур редовна автобуска линија; 20-25 еур такси)

-Патничко осигурување

-Туристичка такса 3 еур на ден по лице (информативно-се плаќа во хотел)

Летови:

Скопје-Братислава 19:50-21:25

Братислава-Скопје 22:25-23:55

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

Предлог програма:

Пристигнување, индивидуален трансфер до Братислава. Препорачуваме прошетка низ Стариот град: Националниот театар, палатата Примата, Старата градска општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската палата, Катедралата Св.Мартин, Сината Црква, Црквата Св.Тројца.

Предлагаме посета на палатата Грасaлкович, позната како и “Белата Куќа на Словачка“. Позади резиденцијата на претседателот се наоѓа градината изградена во француски стил, прекрасно место за одмор и релаксација. Слободно време за индивидуални активности и шопинг.

Слободно време за посета на Синагогата во Братислава, посета на еден од највпечатливите ресторани и барови УФО кој се наоѓа на Нови Мост, препорачуваме пауза за ручек или коктел пауза во барот

Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот