АТИНА ЗА 23 ОКТОМВРИ

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

ПРОМО ЦЕНА 139 €  до 15.09.2022

 

SHARE
  • Траење:3 денови
  • ДАТУМИ : Окт 21 - Окт 24
    • Хотел:Хотел 3*
  • ЦЕНА :

    40,00139,00

Исчисти
број на лица

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3*, во областа Глифада, Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (35 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (12 €) и Микена (12 €)
  • Посета на Сунион со вклучена влезница (30€)
  • Влезница за во Акропол со водич и слушалки (30 еур)
  • Пакет факултативи- 90 еур ( Пелопонез, Акропол и Сунион)
  • Факултативна вечера во таверна
  • Туристичка такса 180 мкд по лице за две ноќевања (се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

ПЛАН И ПРОГРАМА

Состанок на групата на Дрво Декор во 20.00 часот. Поаѓање за Атина во 20.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне.

Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич.

Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.

Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.

Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…

Вечерта факултативна вечера во таверна.

Ноќевање.

После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.

По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 25.10.- Вторник.

Исчисти
број на лица

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=rUes9SGHEz8