Aparthotel Fay – ТОРОНИ

Торони е мал град лоциран на југоисточниот дел од полуостровот Ситонија. Долгата песочна плажа и тиркизната боја на егејот заокружени со боровата шума го прават ова место вистински рај. Убава пешачка патека покрај плажа, многу детски занимливости, ресторани, маркети, а пред се највкусната и свежа риба ќе ја најдете токму овде во Торони. Идеално место за одмор за секоја возраст.

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:98 денови
  • ДАТУМИ : Јун 12 - Сеп 18
    • Апарт Хотел:FAY
  • ЦЕНА :

    110,00460,00

Исчисти

Апартхотел FAYе лоцирана на само 30 метри од плажа. Убаво опремени 1/3 студија во кои има дупли (француски кревет) и поединечен кревет на извлекување. Сите соби се опремени со: комплетно опремена кујна, решо, ТВ, WI-FI, клима уред, купатило, пешкири, балкони со страничен поглед на море, комарници и ролетни на прозорите и паркинг

Координати: 39.989290, 23.89822939°59’21.4″N 23°53’53.6″E

Цените се наменети за 7 ноќевања за наем на апартман
За превоз се доплаќа 40 евра возрасен и дете до 12 години 30 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)

За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра)

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Место и време на поаѓање:

Скопје 04.00 ч. Холидеј Ин

Велес 04.30 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)

Неготино 05.00 ч. бензинска пумпа Макпетрол

Смоквица 05.30 ч. бензинска пумпа BWO петрол

Гевгелија 06.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Исчисти