Апарт хотел Голден Резиденс – Пефкохори лето 2023

Пефкохори– доколку би го превеле неговото име, тоа всушност буквално би го означило и негово вистинско осликување – “село во борови”. Ова познато туристичко место, кое се наоѓа на првиот крак на Халкидики – Касандра, е оддалечено на само десетина километри од веќе опишаното Полихроно. Многу поголемо и со многу повеќе содржини, Пефкохори со својата динамичност на постојано движење, секогаш претставувало магнет за туристите кои во летото бараат и многу забава. Опкружено со борови шуми, протегнато покрај прекрасното море и песочната плажа, ова туристичко место отсекогаш се вбројувало во најпознатите и најпосетените на полуостровот Халкидики. Многуте објекти за сместување, хотелите од сите категории, како и вонпансионските содржини со кои изобилува, Пефкохори го издвојуваат како високо развиена туристичка дестинација.

Апарт хотел Голден Резиденс

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:126 денови
  • ДАТУМИ : Мај 21 - Сеп 24
    • Апарт хотел :Голден Резиденс
  • ЦЕНА :

    200,00690,00

Исчисти

Апарт хотел Голден Резиденс се наоѓа во еден од најексклузивните делови на полуостровот Касандра помеѓу Пефкохори и Ханиоти, на околу 50 метри од плажа. Комплексот се простира на преку 4000 м2, со убаво уреден двор, ресторан, паркинг, базен и бар покрај базенот нуди услуга на база полупансион. Сите капацитети имаат свој балкон, бања, решо, фрижидер, ТВ, клима (се доплаќа) и Wi-Fi. Користењето на лежалките на базен е со нарачување пијалок.

Напомени и услови:

–  ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА се дадени по лице за 7 полупансиони

–   Доплата за туристичка такса 1 еврo по студио/апартман на ден се плаќа во објектот

–   Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената

–   Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

–   Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

–   Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

–   Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето

–   Сместување во собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот

–   Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

–   По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

–   Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата

–   Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој

–   Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата

УСЛОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ:

  • Прво и второ дете  0 – 14 год. БЕСПЛАТНО
  • Трето дете 2-14год во 1/5 апп плаќа 30%
  • Трето и четврто возрасно лице плаќаат 50%

Цена за превоз:

  •  Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35
  • деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €.
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.

Исчисти