АМУЛИЈАНИ – ВИЛА КОНАКИ

Амулиани е прекрасен мал остров на Егејско море, и е единствен населен во северниот дел на Грција.
Со големина од 4,5км2 изобилува со прекрасни плажи: Аликес, Агиос Георгиос, Мегалиамос, Карагација и многу мали заливи за оние кои сакаат да уживаат во интимата.
Лоциран е во заливот на планината Атос, и доминира зелената боја, со маслинови полиња…
Мирно место, го препорачуваме за семејства и парови кои сакаат вистински одмор. Местото е полно со таверни, бутици, кафе барови и продавници.
Всушност, отпатувајте заедно за нас и вратете се со свои впечатоци од ова мало, извонредно место, се надеваме дека ќе уживате во неговите убавини.

ВИЛА КОНАКИ – АМУЛИЈАНИ

SHARE
  • Дестинација:Грција
  • Траење:126 денови
  • ДАТУМИ : Мај 29 - Окт 02
    • Вила:Галери и Конаки
  • ЦЕНА :

    140,00525,00

Исчисти

Положба: Куќите „Конаки“ е лоцирана на околу 200 метри од пристаништето и во центарот на неповторливото, автентично селце Амулијани.

Содржини: Содржи двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија. Секое од нив е со копмплетно опремена кујна, ТВ, сопствен тоалет, клима и интернет вклучени во цената. Веднаш до нив има слободен простор за паркинг, како и маркети, таверни.

Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќи. За превоз се доплаќа 50 евра возрасен и дете до 12 години 35 евра, за да платите за превоз кликнете ОВДЕ!

Ковид политика:

Т.А Стаф, гарантира поврат на уплатени средства во случај:

  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Затварање на граници

Напомени и услови:

  • Цените се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Превозот се доплаќа
    За возрасни 3.100 мкд. (50 евра)
    За деца до 12 години 2,170 мкд. (35 евра)
    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се на 071/451-633
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат организиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување
Исчисти

ВИДЕО