
Нашиот тим 2020 година ја дочека со многу ентузијазам, големи планови за нови дестинации, нови авантури и нови предизвици. Ја започнавме на повеќе дестинации Букурешт, Истанбул, Будва, Белград и Софија.За жал од сите планови остана само предизвикот, како да се преживее оваа тешка година.

Во март се затворија границите, ние останавме да работиме незнаејќи што се случува, незнаејќи што да мислиме и очекуваме. Се надевавме дека од Велигден ќе започнеме со работа, потоа 1ви мај, 1ви јуни, 1ви јули и како месеците и летото поминуваа секоја надеж паѓаше во вода. Овде се судривме со проблемот што правиме со нашите уплати во странство и со уплатите на нашите верни патници, но со одлуката за издавање на ваучери и големото разбирање на нашите странки ја пребродивме оваа прва пречка.

Следуваше другиот проблем, опстанок на фирмата и на нас туристичките работници. Ние имаме одговорност кон вас, нашите верни патници и не смеевме да дозволиме да ставиме клуч на врата, затоа наша обврска со сплотеност на сите туристички агенции беше да се погрижиме да не слушнат институциите и да добиеме помош, за во иднина да може да работиме, вие да патувате а државата да наплаќа даноци. Затоа почнавме медиумски да го актуелизираме прашањето за опстанок на нашата дејност.

Како поминуваше летото така сплотени, направивме видео преку кое сакавме да ја кажеме пораката на еден туристички работник кој може да остане на улица, агенциите да се затворат и да има нови невработени лица на листата во Заводот за вработување кои ќе бидат на терет на државата.

Следниот потег на нас туристичките работници беше организирање на протест. Протест како наше граѓанско право на изразување незадоволство и барање на помош неопходна за целиот туристички сектор. Ако се дозволи овој сектор да згасне, а во него се вложуваше години наназад, со тоа ќе изгуби и државата и таа не смееше да го дозволи тоа.

Во текот на целиот период главна наша поддршка и нешто што не одржуваше бевте вие драги патници, вие кои имавте доверба во нас како туристичка агенција. Поддршка имавме и од бизнис секторот, посебно од НЛБ банка која преку мастер картичките помагаше на фирмите погодени со Ковид 19, односно им помагаше на граѓаните а и на компаниите со тоа што ги упатуваа кај најпогодените дејности.

Со целата оваа борба заеднички на целиот туристички сектор и со помошта на медиумите, Стопанските Комори и најмногу на вас драги патници ние ја добивме бараната помош на 23.12.2020 година, помош неопходна за опстанок, односно покривање на трошоците за изминатите 10 месеци. Загубите се огромни и секако оваа финансиска помош не ги покрива, но ќе ги надокнадиме наредната година. Оваа година беше едно големо школо за нас, да почнеме да се цениме и почитуваме меѓусебе и заеднички да се бориме за нашата цел. Свесни сме дека 2021 година, нема да започне веднаш со патување, но сметаме дека овој пат државата и институциите не имаат во предвид, а ние ќе останеме позитивно настроени со големи планови од пролет 2021 година. Знаеме дека и вие со нетрпение чекате да патувате, немој да се грижите имаме план за пишување на нови приказни, освојување нови дестинации и доживување нови заеднички авантури. Бидете живи и здрави, весели и насмеани и со големи планови и соништа за остварување во Новата 2021 година. ЧАО 2020 ДОСТА НИ Е ОД ТЕБЕ, НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИШ!