fbpx
Најди веднаш
под отворено небо

Патување под отворено небо !?

Кампувањето под отворено небо очигледно и не е за секого, но од друга страна пак и не е толку тешко како што многу луѓе мислат. Кампувањето е патување во кое ќе се соочите со вашите стравови и доколку отидете еднаш бидете сигурни дека ваквиот тип на патување нема да биде прво и последно. Ако го прифатите ризикот и отидете да ја видите ваквата “страшна“ ситуација верувајте дека ќе ви се допадне и ќе посакате повторно да го преземете истиот ризик за повторно да ги почувствувате чистите утра и пријатната удобност во храната и пријателските дружби во широко отворениот ентузијазам на ПРИРОДАТА.

Еве само неколку од многуте причини зошто да бидете во духот на кампувањето под отворено небо.

camping-7

Вие сте сосема зависна личност од технологија

     Да, интернет, прекрасно место за комуникација и истражување по цел ден. Телефоните, компјутерите и таблетите се навистина добра работа, но понекогаш е добро да се исклучите и да живеете во моменти на тишина. Кампувањето е она што го овозможиува тоа. На ваквите патувања воопшто не мора да се грижите дали некој напишал нешто, да се направи прекрасна слика на Instagram, да покажете каде сте… и да го посакувате тоа, околностите нема да ви дозволат затоа што батеријата ќе се испразни, а ситуацијата е таква што немате каде да ја наполните. Затоа уживајте во моментите на прекрасното искуство во тишината и луѓето околу вас.

Совет: Всушност носете си телефон, но не дремете на него затоа што батеријата ќе “умре“, туку чувајте го за во случај на вонредна состојба.

Запалете огниште под отворено небо 

     Огништата се дел од кампувањето. Амбиентално осветлување под отворено небо во мракот на ноќта кој собира круг од луѓе. Во ваквиот круг се плеткаат најразлични теми со кои комуникацијата станува уште поинтересна.

                       

Совет: Проверете дали во местото каде кампувате е дозволено палење оган. Исто така бидете сигурни дека огревното дрво кое ќе го користите е дозволено. За крај уште еден совет, понесете и гитара со себе која ќе ја направи атмосферата уште пожешка.

Набљудувајте ги ѕвездите

Гледката на небото што ќе ја видите тука, односно полниот сјај на ѕвездите нема да го видите нигде. Одлично место за да го пуштите својот мозок на “пасење“ и да се препуштите во малите точки што отсјајуваат. Искусните кампери благодарение на ваквата можност својот шатор го класифицираат како хотел со билиони ѕвезди.

fa17f8ded347226a06e2eea029909bf4

Совет: Изберете дестинација за кампување покрај некоја река или некое езеро и ќе го видите небото на начин на кој никогаш не ви наликувал.

Евтина опција за да го исполните вашиот викенд

     Ваквите патувања се доста евтини. Можете да потрошите само некоја ситна пара за време на престојот. Храната можете да ја земете и од дома или да купите од некоја евтина продавница, докулку сте добри во риболов потрудете се и да обезбедите некој ручек.

                                     

Совет: Доколку се одлучиш да бидете истражувач на отворено, понесете си се со себе, затоа што природата може да ти даде само мал дел од потребите.

Кога кампуваш под отворено небо прифатливо е да се иде во кревет во 9 часот

     Одлично време за да си легнете и да спиете како мало бебе се до утрешниот ден. Паѓањето на мракот е знак дека лутањето по шумите може да заврши, да се спреми вечерата, да се седне пред огништето и она што преостанува е да се впуштите во разговорите.

camping-3

Совет: Храната која ја носите со себе не ставајте ја во шаторот, затоа што така ќе ги привлечите инсектите. Едноставно оставете ја во вашиот автомобил.

Изгрејсонце и зајдисонце

     Повеќето луѓе ги преспиваат ваквите прекрасни моменти. Кога одите на кампување вие без пари можете да ја добиете премијата на неверојатните движена на сонцето.

                         

Совет: Најпрво проверете го времето на изгрејсонцето па потоа потрудете се да се разбудите и да ги видите прекрасните слики.

Природата е прекрасна и прекрасно мириса

“Ѓубрето“ кое го вдишуваме секојдневно за време на кампувањето нема да го почувствувате ни за една минутка. Камперите го знаат тоа и можеби тоа е еден и од најголемите магнети на ваквиот вид патување. Да се излезе во природа и буквално да се одмори целото тело и душа.

Совет:  Ужвајте во природата!

Staff User

View All Posts