fbpx
Најди веднаш
Палачинки

Палачинки полнети со Nutella

Вкусни палачинки полнети со Nutella. Супер лесно и вкусно… Како да ги направите?!

Интересна идеја како да ги направите вашите омилени палачинки во кои со сигурност ќе се “удавите“. Не постои човек кој не сака палачинки, нели?! Повелете, направете, уживајте, а не би било лошо и да не поканите 😀

Потребни состојки:
  1. 10-14 лажици Nutella;
  2. ½ чаша брашно;
  3. 1 пакетче прашок за печиво;
  4. 4 лажици шеќер;
  5. прстофат сол;
  6. 1 јајце;
  7. 1 чаша млеко;
  8. малку путер;
Инструкции за подготовка:
  1. Најпрво на хартија за печење со помош на лажици направете крукчиња од Nutella кои ќе имаат облик на дискови, а потоа ставете ги во фрижидер да замрзнат;
  2. Во подлабок сад измешајте го брашното, прашокот за печиво, шеќерот и солта, потоа направете вдлабнатина во центарот од садот и додадете го млекото и јајцето, мешајте се додека не се соединат состојките и добиете густа смеса;
  3. Потоа во тавче за палачинки растопете го путерот, откако ќе се растопи со помош на мала чаша (од 100 мл) истурете од смесата за палачинки, во средината ставете еден диск Nutella и врз дискот додадете уште една чаша од смесата, откако првата смеса добие златно-жолта боја превртете ја палачинката од другата страна и испечете (напомена: реагирајте брзо);
  4. Повторувајте го истото се до крајот на смесата;
  5. На крајот послужете ги и декорирајте, би ви препорачале да декорирате со јагоди;

BeFunky Collage

Nutella-Stuffed-Pancakes_680px_2

Белешки:
  1. Не правете ги Nutella дисковите премногу тенки, можат да се искршат. Но, од друга страна не бидете пак ни премногу алчни, односно не ставајте премногу затоа што може да се излие од палачинката;
  2. Пред скоро секоја трета палачинка за правење тавчето премачкувајте го со путер за да не ви се залепи тестото;
  3. Количината на покривката, односно количината за втората палачинка не треба да биде иста како првата- ставете помалку;
  4. Бидете сигурни дека палачинките се добро испечени;
  5. Доколку на тавчето ви се прелие од Nutellata, исчистете го па потоа продолжете;

Staff User

View All Posts