fbpx
Најди веднаш

Најубавите плажи во Албанија

1. Ксамил

Ксамил се наоѓа во јужниот дел на Албанија и е на листата  на најубавите плажи во Европа. Има неколку плажи, Бора Бора, Лори, градската плажа и сите овие плажи се со бел песок и поглед на прекрасното тиркизно јонско море. Плажите се опремени со кафе барови, спортски активности на вода што може да го направи одморот активен и забавен. Имате можност да пливате или да одите со педалинка до блиските острови. Морето овде е богато со морски свет, што го прави одлично за нуркање. Ова мало приморско место туристички се има развиено во последните години и претставува идеално место за вистински одмор.

2. Дерми

Плажата Дерми се наоѓа во јужниот дел на Албанија, помеѓу Валона и Саранда и излегува на јонско море. Оваа плажа е една од најдолгите во Албанија на јонско море и со белиот ситен песок и тиркизното море е една од најпосетуваните. Позната е и по денските и вечерните журки.

3. Ѓипе

Оваа плажа се наоѓа исто така на патот помеѓу Валона и Саранда и е скриена помеѓу два рида. Природата и вегетацијата, освен ситниот песок и тиркизното море и даваат дополнителна убавина. Оваа плажа е за сите оние што сакаат да побегнат од гужвите и да уживаат во мир. Заради тоа што за да се стигне до оваа плажа мора да се пешачи 30 минути, токму затоа не е толку посетена и ја има својата уникатност и мир.

4. Драч

Драч е познат по своите долги и пространи плажи, од таа причина овде никогаш не е гужва и секогаш има слободна лежалка. Овие плажи се на јадранско море и дел од нив се песочни, камени или со ситни камчиња. Без разлика на тоа што е на јадранско море и овде температурите се високи како и во другиот дел на Албанија.

5. Валона

Валона е град со прекрасна долга песочна плажа на самата граница помеѓу јадранско и јонско море. Овде освен што ќе уживате на плажа ќе можете да уживате и в вечерните прошетки по променадата покрај море, долго шеталиште со палми од страни. Овој град освен што е развиен туристички, исто така е и голем трговски и индустриски центар, па е идеален за секој што сака склоп на убаво море, плажа, прошетки и градски живот.

Целосната понуда на хотели и апартмани за Албанија може да ја погледнете на овој ЛИНК

Ana Marija Aleksova

View All Posts

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *