fbpx
Најди веднаш
работни

Најдобрите работни места за луѓе кои сакаат да патуваат

Сакате да патувате, но… заборавивте да посадите дрво со пари..? Секој сака да патува.. НОРМАЛНО… па за тоа дури и последната паричка од џебот ја трошиме на ова задоволство. Постојат многу начини за да заработувате, а воедно и да патувате. Па, доколку сте зависник од патување, ви препорачуваме да ги засукате ракавите и да најдете некои од овие работни места.

Со среќа! 🙂

Бидете наставник по англиски јазик

Фактот дека тоа е една од најбараните професии во светот, ви дава мотив да тргнете и да ја барате оваа работа.Ваквите наставници во странство се доста наградувани, а тоа ќе ви овозможи и патување низ светот со леснотија. Побарувачката на наставници со сертификат на англиски јазик константно се зголемува, па затоа сертификатот во раце и почнете да барате.

images

Вработeни во Влада со позиција надворешни работи и трговија

Љубители сте на патување, но сепак имате универзитетска диплома зад вас која талка по обврски надвор од светот, а сепак не е во доменот на туризмо?!. Имате супер вештини за меѓународни односи и вистински авантуристички дух, тогаш насочете ги вашите сили за да се вработите во овој домен. Општо земено овие позиции нудат широк спектар за патувања насекаде во светот. Можеби оваа работа е за вас!

Станете Туристички водич

     Расположени, авантуристички и пријателски настроени со високо познавање од туризмот- туристички водичи! Оваа струка се истакнува како една од најдобрите работи која се работи со љубов. Замислете се себе си, патувате со 50-ина луѓе, со кои комуницирате и создавате нови искуства и пријателства, од кои можете и многу да научите, им го пренесувате вашето знаење а тие се фасцинирани од вас… Се насмеавте!… Убаво “сонувавте“.. НЕ сонувајте отворете  ги страните за вработување и побарајте ја оваа работа.

Работа на брод

     Работни места кои нудат изобилство од патувања, а исто така се доста барани. Оваа работа нуди бесплатно сместување и храна, голем бакшиш и плата доволна за живот… и фасцинантен гратис- посета на скоро целиот свет.

cruise_ship_jobs_destinations_head

Туристички Агент

     Ако сте љубители на патување оваа работа е вистински избор за вас. Точно е дека организирате за други да патуваат, но потрудете се и вие ќе бидете дел од истите.

Бидете филмска ѕвезда

     Звучи лудо, нели? Изненадувачки, но вистинито! Истакнете се себе си, добијте ги пофалните зборови и утре очекувајте ја поканата да учествувате во некој филм чија дестинација може да биде и на “крајот на светот“.

DSC03085

Staff User

View All Posts