Едно од најомилените јадења насекаде е пицата. Замислете си го сега чувството на топлата кутија кога ја добивате во рака и едвај чекате да ја отворите:) ммм.. нели?!
Од измислувањето на првата пица па се до денес се развиле милион начини на нејзино спремање со нај различни намирници.
Па еве еден предлог и од нас како да направите вкусни мини пица cupcakes, кои многу лесно се прават, а се одлични за закуска и лесен оброк и од кога ќе ги направите ќе се вљубите во своето дело.
Потребни состојки:
- листови од лиснато тесто
- ½ чаша пица сос
- 1 чаша рендано сирење
- ½ лажиче лук во прав
- состојки по желба за да ги пополните, а наш предлог се феферонки, шунка, колбаси, пиперки, кромид, печурки итн.
Инструкции:
Тавче (за мафини) намачкајте го со масло. Лиснатото тесто исечете го со помош на чаша и круглите делови ставете ги во тавчето. Потоа одозгора посипете од изренданото сирење и додадете малку масло. Додадете го пица сосот, а потоа ситно исечканите состојки (феферони, шунка, колбаси, пиперки, кромид, печурки). На крај додадете го остатокот од сирењето и посипете на секое крукче од лукот во прав. Вака спремни се ставаат во веќе загреана рерна на температура од 180/200 степении се печат 15-20 минутки.
Откако ќе се испечат внимателно отстранете ги од тавчето и послужете ги.
Bon appetit!