КРФ
Многумина од вас слушнале или прочитале за еден од нај препознатливите пијалaци во Грција, односно нивното вино кое се дегустира најмногу во Санторини, особено виното Assyritiko. Оваа држава е сопственик на голем број острови кои нудат поинакво искуство со традиционалните пијалaци. Еден од најубавите Грчки острови е и Крф, кој е дом на голем број атракции како што се палатата на Сиси, планината Пантократор, Сидари, Палеокастрица, Градот Крф, песочната плажа Глифада…. Овие места покрај нивните убавини ќе ви понудат и голтка од локалната култура. Она по што е препознатлив овој прекрасен остров се и локалните пијалaци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat.
Пиво од ѓумбир или локално познато и како Tzitzibira (τσιτσιμπίρα) е островски специјалитет кој служи за освежување, особено во текот на летните горештини. Овој специјалитет се состои од вода, лимон, ѓумбир и шеќер. Производството на овој вид пиво историски започнува од 1920 година кога семејството на Christoforos Cheimarios во својот локал го изнесува овој феноменален рецепт. Овој успешен рецепт го достигнал врвот во 1940 година па затоа и неговите точни состојки и неговата подготовка е долго чувана тајна на семејството. Благодарение на успешноста како и напорната работа и посветеност на семејството Cheimarios во 1975 година се отворила и фабриката за производство на овој успешен пијалaк, која и ден денес е единствена во Грција за негово производство.
“Златното зрно“ на Крф е познатото овошје Kumquat со кое се прави и вториот специфичен пијалaк со кој овој остров се истакнува. Како за прв пат овој тип на овошје се појавува во 12 век во Кинеската литература. А благодарение на англискиот агроном Сидни Мерлин, кој го донел овој тип овошје во Крф во 1860 година, денес тоа претставува белег на Крф кој остава голема трага кај посетителите.
Фабриката Мавроматис уште од 1965 година ја држат традицијата на дестилација на Kumquat-от за да го добијат крајниот производ односно ликер. Покрај овој препознатлив пијалaк, kumquatot се користи и за производство на најразлични десерти.