fbpx
Најди веднаш
Ноќта

КРЕАТИВНИ ИДЕИ ЗА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ

     Во пред-христијанските времиња, многу луѓе верувале дека духовите од подземниот свет на мртвите тела би можеле да го посетат светот на живите. Според легендите се верува дека во ноќта на 31 октомври, духовите можат да му наштетат на живиот свет. За да се избегне ваквото верување, луѓето почнале да се облекуваат како духови со што верувале дека ќе ги збунат духовите.

     Ноќта на вештерките, како традиција најпрво започнува во Канада, од каде се распространува во голем број земји. Во последно време истото се појави и во Македонија, па еве неколку креативни идеи за украсување од кои и вие би можеле да добиете инспирација.

 

PUMPKIN CHIP BOWL100023483.jpg.rendition.largest

Ноќта на вештерките не може да се замисли без тиква. Тиквата е како симбол на оваа вечер. Земете една тиква, убаво исчистете ја, во нејзината внатрешност ставете сад кој ќе одговара на нејзината големина, а потоа наполнете го со чипс.

PUMPKING KEG

Есента нема да биде комплетна без тиква, а се разбира и пиво. Нема подобар пијалак за пиење во овој период од годината. Пиво во тиква, интересно, нели!?

Еве како да го направите тоа: земете една тиква и околу нејзиниот врв нацртајте круг според кој ќе се водите за да направите простор. Бидете сигурни дека се извадени целото семе и поголем дел од кашата, но не грижете се доколку нешто остане, тоа ќе помогне за аромата на пивото. Следен чекор е да направите мал отвор каде што ќе ставите мала пластична славина. Нетрпеливи сте? Вака подготвена наполнете ја со вашето омилено пиво и уживајте во вечерта.

PUMPKIN SIGNS

За поинтересна забава направете и тикви на кои ќе испишете пораки за вашите гости. Потребни ви се повеќе тикви, боја и мала инспирација.

POISON TOFFEE APPLESToffee-Apples-3

Совршени за Ноќта на вештерките. “Отровните“ карамелизирани јаболки се совршено парче кое треба да биде дел од вашата забава. Во  еден сад направете комбинација од 2 чаши гранулиран шеќер, ¾ од чаша вода, ½ чаша сируп од пченка, неколку капки прехранбен сируп во црна боја, потоа на мала температура мешајте додека шеќерот не се раствори. Кога ќе се раствори шеќерот потопете ги јаболките (на кои можете да им ставите и стапчиња), оставете ги да отстојат еден час и потоа послужете ги.

R.I.P HOT CHOCOLATE

Ниедна забава неможе да се замисли без десерт. Направете топло чоколадо и послужете го во чашки. Откако ќе се излади посипете изрендана чоколада и декорирајте со кекс на кого ќе пишува R.I.P.

BLACK MAGIC HALLOWEEN COCTAIL

Магичен црн слоевит коктел за кого ви е потребно: ¼ чаша мраз, ½ чаша сок од портокал, ½ црна вотка, 1 мала чаша текила и парчиња портокал. Во шејкер измешајте го сокот од портокал, текилата, мразот и процедете во чаша. Со лажица полека истурајте од црната вотка, така што ќе виси на врвот. Потоа декорирајте со парче портокал кое претходно го имате потопено во црна вотка.

SCARY BALLOONS

Декорирајте ја вашата соба за забава со интересни и страшни балони во боја. Земете балони во црна, бела и портокалова боја и на нив нацртајте смешни, но страшни фаци.

BOTTLE OF BOOS

Шише/тегла, темперни бои и свеќи… се што ви е потребно за да декорирате едно Halloween шише. Нацртајте на шишето  интересни духови, вештерки и најразлични симболи од овој ден. Внатре во шишето ставете една свеќа.
Original_Andrea-Correale-Halloween-Cocktails-Black-Magic_v.jpg.rend.hgtvcom.616.822

WALL OF BATS

Се прашувате каков Halloween украс да ставите на ѕид? Земете листови во црна боја, исечете ги во форма на лилјаци и по ваша желба залепете ги на ѕидовите. Покрај лилјаци, можете да направите и најразлични форми, на пример вештерки, месечина, був, тикви, духови… кои декорацијата ќе ја направат уште поуспешна.

 

 

 

И на крај, потребно ви е само да направите своја маска, со која страшно ќе ги насмеете вашите пријатели.

Наш совет: Направете и дополнителни маски и за вашите пријатели, не секој доаѓа маскиран 🙂

Забавувајте се и уживајте во НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ!

il_570xN.652092047_r49e

 

Staff User

View All Posts