fbpx
Најди веднаш
Европа

Докази дека Будимпешта е еден од најубавите градови во Европа

Зошто Будимпешта е еден од најубавите градови во Европа ?

 

Рибарскиот Бастион

Трага од доцниот 18-ти век која ја прославува 1000 годишнината од основањето на Унгарија. Бастионот е составен од 7 кули кои се претставници на седумте Маџарски племиња кои ја основаа нацијата. Овој бастион се наоѓа на врвот на замокот Хил и ги обезбедува најспектакуларните погледи на реката Дунав и градот.

Куќата на нацијата/ Зградата на парламентот

Зграда која се наоѓа на третото место по големина во светот, чија градба беше завршена во 1902 година и тоа по 20 години од изградба. Изградена исклучиво со унгарски материјали, а во нејзината внатрешност се бројат 691 соби.

Базиликата Св. Стефан

Најголемата црква во Будимпешта изградена во текот на 50-тите години на 18 век. Дизајнирана од страна на Joshep Hild, чиј дизајн бил надгледуван од реномираниот архитект Miklos Ybl, кој ја дизајнирал и операта.

Синагогата

Најголема синагога во Европа а како втора во светот. Прекрасна синагога изградена во 1850 година во стил кој влијаел на подоцна изградените синагоги, а особено во стилот на Централната синагога во Њујорк.

Замокот Буда

Замок Буда или се уште познат и како Кралска палата кој стои на врвот на замокот Хил од страната на градот Буда. Во текот на Австро-Унгарската империја замокот бил користен за раскошни церемонии, а сега е дом на Музејот на Будимпешра.

Црквата Матијаш

Црква каде се крунисани основачите на Австро-Унгарската империја, односно Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета.

Музејот на привремената уметност

Трет од ваков тип во Европа, основан во 1872 година  со богата колекција на дела. Во сопственоста на овој музеј се наоѓаат цели ризници на едни од најбогатите аристократски семејства во Унгарија.

Сечени Бања и Спа

Најголемите медицински бањи како и едни од најголемите бањи во Европа. Сечени Бањи и Спа се едни од нај препознатливите дури и во Светот, тие се она по што и Будимпешта е и највеќе препознаена.

Мостот Сечени

Мостот Сечени е најдолгиот висечки мост во Европа и прв постојан мост кој ги поврзува Буда и Пешта. Денес овој мост се смета за најубав мост во градот.  Легендата за чуварите на овој мост, односно горделивите лавови кои немаат јазик ќе го исползат својот јазик единствено само кога преку овој мост помине чесен и невин човек.

Плоштадот на Хероите

На крајот од главната шопинг улица во Будимпешта се наоѓа Плоштадод на Хероите кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Најистакнат споменик на овој прекрасен плоштад е Спомен Милениумот, изграден во 1990 година и го обележува сеќавањето на 1000 годишнината од доаѓањето на племето Маѓар.

Парискиот Аркадни

Изграден во почетокот на 20 век во огромен број на стилови, вклучувајќи готика и ренесанса што го правеше еден од нај раскошните трговски центри.

Чевлите на Дунав

Чевли кои им оддаваат почит на унгарските Евреи убиени од страна на фашистички организации во Унгарија во 1940 година и препуштени во рацете на реката. Пред да се испушти стрелата од Евреите било побарано да ги соблечат своите чевли, чевли кои денес вредно жртвувачки стојат на брегот на реката. Секое извајано парче чевел е моделирано по вистинските чевли од времето. Ваквиот чин се смета за еден од најозлогласените фашистички организации во Унгарија.

Музејот на ликовна уметност

Куќа задолжена да ја истражува визуелната и ликовната историја на Европа. Токму оваа богата куќа се наоѓа во Букурешт, ликовно богата со збирки од Европската историја. Во нејзина внатрешност се наоѓа и коњаничката скулптура на Леонардо да Винчи.

Островот Маргарет

Сместен во средината на реката Дунав кој живее од различните периоди на историјата преку неговите цркви, хареми, кралски одморалишта, базени, градини и многу друго што го прави значаен белег на Будимпешта.

 Статуата на Слободата

Статуата на Слободата е една од неколкуте статуи од моштите од комунистичката ера во Унгарија. Виси на врвот на ридот Гелерт што го зголемува значењето на градот.

Спомен Парк

Спомен паркот е отворен музеј кој се состои од симболични скулптури на комунистичката ера. Една од најпопуларните атракции во рамките на овој парк се демонстративните чизми на Сталин.

Источна и Западна Железничка станица

Двете најважни железнички станици во Унгарија кои ја поврзуваат Будимпешта со останатите делови на Унгарија, како и двете страни на Европа (Виена, Букурешт, Минхен и Москва).

Реката Дунав

Најдолгата река во Европа чии води минуваат низ овој прекрасен град и го одвојува на два дела, односна од запад- Буда и од исток- Пешта.

Токму затоа Будимпешта е еден од најубавите градови во Европа.

ПОСЕТЕТЕ ЈА БУДИМПЕШТА 

 

 

 

 

Staff User

View All Posts