fbpx
Најди веднаш
Добредојде

Добредојде Есен!

Ако не и се лутите премногу што го заменува летото и и се препуштите ќе забележите дека есента е на некој начин како втора пролет. Добредојде есен! Романтична и полна со нови предизвици.

Еве неколку идеи како да уживате во есенските денови и зошто да им се радувате:

Времето. Конечно уживајте во добрата клима, потсетете се како ви беше на 35 степени и радувајте им се на последните сончеви зраци кои во есен ги носат најубавите зајдисонца. Особено што малку по ладните денови не значат дека активностите на отворено и шетањето се завршени. Напротив имате прилика за нова гардероба, топли меки џемпери и уживање во утринското кафе сред улици обоени во жолто, златно, црвено, а под нозете шушкањето на лисјата, звук кој враќа во детството. Едноставно романтично нели?

appleciderfeature-970x490

 

Пијалоци кои ја зовриваат крвта и ја топлат душичката. Топло чоколадо, греано вино со каранфилче, чај со рум. Мммм се за добро расположение во друштво!

Топлината на домот. Мирис на печени костени и пита со јаболка… Како и секое годишно време и ова си носи свои благодати на менито. Милион идеи и рецепти за пријатно збогатени седенки со друштвото. А што е животот ако не добра храна и добри пријатели! Пронајдете инпирација на интернет и поканете ги сите да го пробаат вашиот нов специјалитет.

Патувања. Есента како кралица на боите умешно ги разгалува сетилата и дава нов сјај на секој град. Нема поубава прошетка од онаа во есенските денови. Жолто – златни лисја наоколу даваат смирувачко чувство во душата и дневна инспирација. Ние во СТАФ одбравме неколку дестинации кои секоја година се на листата на најубави градови во есен. Живописно историски метрополи покриени со црвено-жолти лисја. Секој еден со своја традиција, културни настани и ноќен живот што ќе ви ги збогатат деновите со искуства за паметење. Искористете ги нашите празнични понуди и попусти и одберете си доживување за паметење.

384335_4708536192424_949564946_n

Staff User

View All Posts