ПЕЛЕШ,БРАН,БУКУРЕШТ И ЈАШИ СО ПОКЛОНУВАЊЕ НА МОШТИТЕ НА СВЕТА ПЕТКА

Цена

265.00

Траење

За патувањето

Романија ја работиме од нашето постоење (2014 год) а за прв пат одлучивме да објавиме тура за Јаши, град каде почиваат моштите на Света Петка!

Јаши е еден од најзначајните градови во Романија, се наоѓа во североисточниот дел на земјата, во историската покраина Молдавија. Познат како главен град на културата во Романија, Јаши е симбол на романската историја. Историчарот Николае Јорга изјавил дека „не треба да има Романец кој не знае за тоа“. Сè уште познат како „Молдавска престолнина“. Градот бил престолнина на  Молдавија од XVI век до 1861 година, како и на Романија помеѓу 1916-1918 г. за време на Првата светска војна. Тој е вториот по големина град во Романија кој се наоѓа во североисточниот дел на земјата, познат по своето богато културно и историско наследство. Јаши има историски споменици, цркви и манастири стари 500 години. Градот е дом на бројни универзитети, музеи, архитектонски знаменитости, вклучувајќи ги Палатата на културата, манастирот Тројца архиереи, манастирот Свети Јован Новиот во готски.

Цена на аранжманот: 265 eевра 

Можност за плаќање на рати преку IUTE или DINERS

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Превоз со автобус
  • 1 ноќевање во Бран во хотел Hanul Bran со 4* со појадок
  • 1 ноќевање во Јаши во хотел Zimbru 3* со појадок
  • 1 ноќевања во Букурешт во хотел Elizеu со 3* со појадок
  • Посета на Брашов
  • Разглед на Букурешт со локален водич
  • Посета на Романската патријаршија
  • Посета на Митрополитската катедрала
  • Туристички придружник од агенција
  • Туристичка такса

Не е вклучено:

  • Влезница во замокот Пелеш- 20 евра
  • Влезница во ,,Замокот на Дракула’’- моментална цена 15 евра
  • Влезница во Црната Црква во Брашов 2- 4 евра
  • Влезници за останати музеи и цркви.
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Влезница во замокот Пелеш- 20 евра
  • Влезница во ,,Замокот на Дракула’’- моментална цена 15 евра
  • Влезница во Црната Црква во Брашов 2- 4 евра
  • Влезници за останати музеи и цркви.
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување

Програма

Состанок на гурпа пред хотел Русија во Аеродром во 16:00ч. Поаѓање кон Романија во 16:30ч. Ноќно возење преку Бугарија (граничен премин Деве Баир) до Романија. За време на патувањето предвидени се попатни паузи. Советуваме да се одморите додека патувате бидејќи ве очекува ден каде ќе видите доста знаменитости па потребна ви е енергија.
Пристигнување во Синаиа и можност за посета на  замокот Пелеш. Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан... Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот. Влезницата за посета на замокот според моменталните ценa e 20 eвра се плаќа кај водичот. Посетата не е задолжителна. За патниците кои нема влезат во замокот ќе имаат слободно време. Пристигнување во Трансилванија – градот Бран во попладневните часови. Можност за факултативна посета на ,,Замокот на Дракула”. Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место. Влезницата за посета на дворецот на Дракула според момненталната цена изнесува 15 евра и се плаќа на лице место. Сместување во хотел Hanul Bran 4*. Ноќевање.
Појадок.После појадокот се упатуваме кон Брашов.  Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и "Градот на Саксонците" и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.. Влезот во црквата се доплаќа на лице место, цената е од 2-4 евра. Патот го продолжуваме кон Јаши со попатни паузи. Предвидено пристигнување во вечерните часови и сместување во хотел Moldova 4* .  Време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.
Појадок во хотел. Пристигнување на Светата литургија и поколнување на моштите на Преподобра Мајка Света Петка. Јаши е еден од најзначајните градови во Романија, се наоѓа во североисточниот дел на земјата, во историската покраина Молдавија. Познат како главен град на културата во Романија, Јаши е симбол на романската историја. Тој е вториот по големина град во Романија кој се наоѓа во североисточниот дел на земјата, познат по своето богато културно и историско наследство. Јаши има историски споменици, цркви и манастири стари 500 години. Градот е дом на бројни универзитети, музеи, архитектонски знаменитости, вклучувајќи ги Палатата на културата, манастирот Тројца архиереи, манастирот Свети Јован Новиот во готски. Јаши е градот во кој почиваат моштите на најпочитуваната и сакана светица на православието, Мајка Параскева - Света Петка. Моштите на Света Петка биле пренесувани многупати од една во друга земја, од една на друга нација, од една во друга црква, но тоа не оставило трага врз нив. Нејзините свети мошти се наоѓаат во Јаши, а нејзините два прста почиваат во црквата Света Петка на Калемегдан. На главата на светецот е извезена перница, на челото сребрен венец, а на градите е икона со нејзиниот лик што луѓето ја бакнуваат.  Слободно време за купување на сувенири, темјан, икони, бројаници и друго.                               Поаѓање од Јаши на пладне. Со попатни паузи пристигнување во Букурешт во вечерните часови. Сместување во хотел Elizeu 3*.Ноќевање.
Појадок во хотел. Одјава и заминување на разглед на градот. Ќе го посетиме Парламентот, Плоштадот на Револуцијата, Calea Victoriei, Романската Патријаршија. По посета на овие места слободно време во стариот дел на градот околу еден час и околу 14 часот се упатуваме кон Македонија, со попатни паузи и царински формалности. Предвидено време за пристигнување во Македонија во утринските часови. 02.04.2024 Среда.
-За реализација на аранжманот потребен минимум 40 патници за автобус. -Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање -Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд -Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo. -Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства. -Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест -Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација. -За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Стаф.

Повеќе информации

Датуми

Локација