НОВА ГОДИНА 2025 ИСТАНБУЛ

Цена

429.00

Траење

За патувањето

Прославете ја Новата Година во Истанбул! Дочекајте ја Новата Година во еден од најволшебните градови во светот! Искусете ја магијата на Истанбул додека се трансформира во енергична прослава исполнета со огномет, музика и култура.

Зошто да го посетите Истанбул оваа Нова Година?

Спектакуларен огномет: Уживајте во неверојатниот поглед на огнометот над Босфорот. Кулинарски задоволства: уживајте во традиционалната турска кујна во локалните ресторани и раздвижените улични пазари. Богата култура: Истражете ги историските места како Света Софија, Капали чаршија и многу други, кои се прекрасно осветлени за време на празниците. Празнична атмосфера: прошетајте низ плоштадите како што се Таксим и Кадикој, каде што улиците оживуваат со музика и танц.

 

РЕДОВНА ВЕНА: 460евра (28.520мкд)

ПРОМО ЦЕНА: 429евра (26.598мкд), важи до 20.11.2024

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Авионски билет Скопје – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж (23 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж). TK1004 P SU 29DEC SKPIST 08:35 / 12:15 TK1005 P WE 01JAN ISTSKP 20:15 / 19:45
  • 3 Ноќевања со појадок во Piya Sport Hotel 4* во срцето на Лалели. https://piyasporthotel.com/
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром.
  • Организиран разглед со лиценциран локален водич – пешачка тура со посета на: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија (со доплата за влезница во Аја Софија), Капали Чаршија, Кулата Галата
  • Организација и реализација на аранжманот со водич на групата од Скопје

Не е вклучено:

  • Факултативно крстарењепо Босфор 65 € ( вклучува трансфери, вечера, лимитирани локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, SHOW програма )
  • Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување.
  • Факултативно крстарењепо Босфор 65 € ( вклучува трансфери, вечера, лимитирани локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, SHOW програма )
  • Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување.

Програма

Состанок на групата во 06:35 часот на Меѓународен аеродром Скопје. Полетување за Истанбул во 08:35 часот со Turkish Airlines, број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:15 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта (факултативно) организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во предновогодишна турска вечер – ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера, пијалак и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот организиран пешачки разглед на градот со локален водич (вклучен во цената на аранжманот) на македонски јазик: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед‐Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан Први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство) за влез се доплаќа на лице место. Прошетката продолжува кон Капали чаршија и Галата Кула. Враќање во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за прошетка и шопинг во Капали Чаршија или некој од познатите трговски центри, посета на Karakoy ‐ познатата улица на чадорите (индивидуално). Враќање во хотел. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. Оставање на багажот во хотелската соба за багаж. Слободно време за индивидуални активности до времето одредено за трансфер. Во попладневните часови организиран трансфер од хотел до аеродромот во Истанбул. Полетување во 20:15 часот од Истанбул, број на лет TK 1005. Слетување во Скопје во 19:45 часот.
  • За да се направи резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот, и целосната доплата на аранжманот најдоцна до 15.12.2024 (доколку терминот на поаѓање е помалку од 15 дена потребна е уплата од 100% од вкупната цена на аранжманот ).
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето
  • За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 20 патници. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување.
  • Разгледите зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
  • Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
  • Промени или отказ на резервациите не се дозволени односно следуваат 100% пенали.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на Стаф.

Повеќе информации

Датуми

Локација

Популарни патувања