Луковска Бања за Водици
Цена
Траење
За патувањето
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Цена на аранжманот 179 евра / 11.720мкд
Промо цена 159 евра/ 9.860 мкд за резервации до 15.12.2024
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Автобуски превоз на наведената релација.
- Сместување во Хотел Бела Јела 3* во стандардни двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса https://lukovskabanja.com/hotel-bela-jela/
- Користење на отворено – затворен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
- Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, парна бања, тепидариум, солена соба
- Користење на фитнес сала, детска игротека и сала за забава
- Туристичка такса
Не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување.
- Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
- Задолжително патничко осигурување.
- Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Програма
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Вип. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.
Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 3*.
Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот.
Вечера. Ноќевање.
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот или пешачка тура до црквата Св.Мина со локален водич (турата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови ). Вечера. Ноќевање.
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
- Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање).
- Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 90€/5.580ден
- Доплата за еднокреветна соба 26€/1.615ден за две ноќевања (на барање)
- Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.
Популарни патувања
8-МИ ДЕКЕМВРИ ПРОЛОМ БАЊА
8-МИ ДЕКЕМВРИ ЛУКОВСКА БАЊА
- Quality3.33
- Location4
- Amenities3.67
- Services3
- Price4