Лeто 2024 КАТИЗМА-ВИЛА АРМОНИА

Цена

Траење

8 days

За патувањето

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот

Вила  Армониа – Б кат се наоѓа на околу 2 км од познатата плажа Катизма и 1км од Агиос Никитас.

 

Вила Армониа Б кат – Аг.Никитас
1/2 студио
1/3 студио (3 лица)
1/3+2 студио (4 лица)
Термин/Услуга
7 наем
7 наем
7 наем
28.05.-04.06.2024
149
159
169
04.06.-11.06.2024
169
179
189
11.06.-18.06.2024
269
279
289
18.06.-25.06.2024
299
309
319
25.06.-02.07.2024
359
369
379
02.07.-09.07.2024
379
389
399
09.07.-16.07.2024
419
429
439
16.07.-23.07.2024
449
469
479
23.07-30.07.2024
449
469
479
30.07-06.08.2024
449
469
479
06.08.-13.08.2024
449
469
479
13.08-20.08.2024
449
469
479
20.08-27.08.2024
429
469
459
27.08.-03.09.2024
369
379
399
03.09.-10.09.2024
299
309
319
10.09.-17.09.2024
229
249
259
17.09.-24.09.2024
199
219
229

 

 

 

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Наем на 7 ноќевања/8 дена
  •  Wi fi интернет
  • Клима уред

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз (65 евра за возрасни и деца до 11,99 - 45 евра)
  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа на лице место
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Автобуски превоз (65 евра за возрасни и деца до 11,99 - 45 евра)
  • Туристичка такса 1,5 еур. на ден се плаќа на лице место
  • Здравствено и патничко осигурување

Програма

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
  • Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинирааат.
  • Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
  • Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Стаф;
Располага со студија и апартмани во кои можат да се сместат 2-4 лица. Нуди приватен паркинг, интернет и мала рецепција. Има одлична локација за обиколка на плажите на западниот брег. Најблиската самопослуга и пекара се на 1 км, во Агиос Никитас. Вила Армонија располага со  1/2 студија од 20м2 со брачен кревет плус дополнителен кревет со душек со стандардни димензии и  1/2 студиа со дополнителен кревен на оторање и  можност за сместување на двајца возрасни и две деца.. Сите сместувачки единици во вилата имаат клима, ТВ, кујна (две рингли и мал фрижидер со комора), бања со фен и тераса. Безжичен интернет е достапен во сите соби.  Вилата располага со мала рецепција која е достапна за гостите во текот на денот за секаква помош и информација, како и паркинг за сите гости. До вилата ќе стигнете со возење на 10 км од Лефкас, поминувајќи го Агиос Никитас и по 1 км ќе ја најдете вилата Армонија од десната страна. Вила Армонија е идеална за сите патници кои сакаат сместување во близина на плажата Катисма, блиску до населени места како што сликовитото селце Агиос Никитас кое располага со прекрасна плажа од каде поаѓаат такси бтотчињата до плажата Милос, многу ресторани, продавници. Во Агиос Никитас ќе можете да изнајмите кола или мотор по желба, доколку сте  без сопствен превоз.

Повеќе информации

Датуми

26.05-29.09

Локација

Популарни патувања