8МИ МАРТ ВИЕНА

Цена

209.00

Траење

3 days

За патувањето

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 😊
Во продолжение програмата…

Цена на аранжманот: 239 евра / 14.200мкд по лице

 Промо цена: 209 евра / 12.958мкд по лице

Со уплата на овој аранжман сте потенцијален добитник на ГРАТИС ПАТУВАЊЕ ЗА ДУБАИ

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси на наведената релација.
  • Сместување во хотел со 3***во Виена на база на 2 ноќевања со појадок.
  • Пратител на групата за време траење на аранжманот.
  • Организација и реализација на програмата

Не е вклучено:

  • Задолжителен разглед на Виена со локален водич – 15€
  • Факутативна посета и разглед на Братислава- 40€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 55€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.500 ден
  • Задолжителен разглед на Виена со локален водич – 15€
  • Факутативна посета и разглед на Братислава- 40€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 55€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25€
  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус
  • Доплата за еднокреветна соба – 3.500 ден

Програма

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13:30 часот. Тргнување за Виена во 14:00 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Денот го започнуваме со посета на актуелниот аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf каде ги има најпознатите светски брендови. За да видите дали го има вашиот брендови  кликнете ОВДЕ По посетата следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Во попладневните часови заминување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности или одмор. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета со локален водич на  дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Овој дворец го посетуваат повеќе од 8 милиони туристи годишно па кога сте во Виена, посетата е неизбежна. Палатата го добила името по природниот извор или артескиот бунар што некогаш течел низ областа и го обезбедувал водениот тек до дворот. Замокот бил изграден на поранешна ловечка куќа која Хабсбурзите ја користеле со векови и е една од најголемите палати во Европа, со над 1.400 соби. Сепак, само 40 од овие простории се отворени за јавна посета. Посетата е со локален водич за да ги видите некои од најимпресивните соби, вклучувајќи ја Големата галерија, собата на Марија Антоанета, Белата соба, Жолтиот салон, собите Бергл и собата Милиони. Познатиот монарх кој владеел со Австрија и Унгарија 68 години (Франц Јозеф) е роден во Шенбрун. Тој создадел двојна монархија делејќи ја неговата империја, дозволувајќи им на Унгарија и Австрија да коегзистираат мирно како рамноправни партнери. Дворецот на Шенбрун е нешто што ќе ве остави без зборови а овде се наоѓа фонтаната Нептун која е една од најпознатите и најпрепознатливите обележја на палатата, ремек-дело на барокната скулптура и го прикажува Нептун, богот на морето, опкружен со група морски суштества. Дворецот и палатата Шенбрун се користени како локација за неколку филмови и ТВ емисии, вклучувајќи го и филмот „Мајерлинг“ од 1982 година, кој ја раскажува приказната за трагичната љубовна врска помеѓу престолонаследникот Рудолф и бароницата Мери Вецера. Исто така голема атракција за туристите е лавиринтот од жива ограда со висина повеќе од два метри и зафаќа површина од 1.715 квадратни метри а лавиринтот е дизајниран да биде повеќе загатка отколку предизвик. Совршено место за љубителите на загатки! Екскурзијата продолжува кон највисоката кула во Австрија, Дунавската кула која е висока 252 метри и со лифтовите за 35 секунди се искачувате нагоре. На висина од 155 метри нуди најдобар поглед над Виена, панорамскиот поглед на градот од 360° го одзема здивот. Ресторанот и кафулето на врвот на кулата се вртат околу сопствената оска на висина од 170 метри. Ентериерите се обновени во стилот на 1960-тите, но секако дека технологијата е целосно ажурирана. Дунавската кула е изградена по повод саемот за градина во Виена во 1964 година. Слободно време за фотографии. Враќање во хотел. Ноќевање
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета на Братислава: Братиславскиот дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Зошто да го посетите главниот град на Братислава па макар и на неколку часа? Братислава и неговата околина се полни со паркови, градини, шуми и лозја кои природно стигнуваат до градот и го сочинуваат неговиот важен дел а исто така е разновидна, колоритна и полна со уникатен амбиент. Ако ја сакате архитектурата, ќе ја сакате и Братислава а нејзините згради се од Арт Нову до брутализам и има серија симпатични чудни скулптури низ целиот град кои му даваат посебен шмек. Овој град е совршено место за да се види прекрасно зачуваниот средновековен стил без гужвите од западноевропските престолнини, посебно стариот дел од градот. Мора да го споменеме и замокот Братислава, симболот на градот. Седи на врвот на карпест рид кој е дел од Малите Карпати, со поглед на реката Дунав. Постојат записи дека ридот бил населен уште од доцното камено доба. Од камена тврдина е претворена во готска палата, подоцна обновена во ренесансен стил, до нејзината последна трансформација во 17 век, кога го добила барокниот стил што го гледаме денес. Сега се наоѓа Словачкиот национален музеј. Овој град  е одличен пример за град за пешачење, повеќето знаменитости се на непосредна близина. Предвиден е разглед на градот со локален водич. Враќање за Виена и заминување према Скопје. Пристигање во Скопје во претпладневните часови на 10.03.2025
  • Доплата за еднокреветна соба - 3.500 мкд
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Стаф.

Повеќе информации

Датуми

06.03.-10.03.2025

Локација