11 ОКТОМВРИ ЈУЖНА ИТАЛИЈА
Цена
Траење
За патувањето
Алберобело–Неапол–Амалфи–Позитано–Помпеа–Матера
Цела Италија плени со својот шарм и убавина, но југот е посебен, токму затоа ние ве носиме таму.
Тргнуваме со нашата пловидба низ водите на јонско море од Игуменица, ноќна пловидба и уживање во мирните морски води. Утрото се будиме во Бари, каде што ќе ни стане јасно зошто југот е посебен.
Средновековни и ренесансни села, села покрај морето, планините и езерата претставуваат најдобра и најголема разноликост на Италија. Места каде се чувствува магијата низ воздухот додека пешачите во малите историски дуќанчиња. Во Италија ќе го почувствувате гостопримството, единственоста на нивната храна, вкус и традиција. Ќе го посетиме прекрасното Алберобело, а ќе се сместиме во близина на Наполи за кој старите римјани рекле „Vedi Napoli e poi muori“ („Види го Наполи и може да умреш“). Наполи е град со многу приказни, кои ќе имаме време да ги слушнеме и доживееме. Освен Наполи наредните денови ќе ги посетиме и Амалфи, Позитано и Помпеа, селцата каде ќе ги направите најубавите фотографии ќе ја вкусите најубавата храна и ќе се вљубите во шаренилото и духот на овие места. Пред нашиот пат назад ќе го посетиме и чудесниот град Матера, препознатлив по ќуќите во пештери кои се напуштени и затоа овој град е наречен “град на духови“. Заради неверојатните пејсажи на Матера овој град е локација за снимање на филмот “Страдањата на Исус“.
Овие неколку дена ќе бидат исполнети со многу воздишки, воодушевување, забава, дружба и спомени за паметење, затоа топло ви ја препорачуваме оваа програма.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН 329 ЕВРА/ 20.398 МКД ПО ЛИЦЕ ДО 20.09.2024
ЦЕНА НА АРАНЖМАН 369 ЕВРА/ 22.878 МКД ПО ЛИЦЕ
Што е вклучено:
Не е вклучено:
- Превоз со автобус
- Превоз со брод на релација Игуменица -Бари-Игуменица (седиште на брод)
- 3 ноќевања со појадок во Хотел со 3* (радиус 30-40км оддалечено од Наполи)
- Посета на Алберобело
- Посета на Матера
- Лиценциран туристички придружник
Не е вклучено:
- Шопинг во Centro Commerciale La Cartiera, Посета на Помпеја (влезница со локален водич 20 еур според моменатлната цена, влезниците се проверуваат пред поаѓање и не е вклучена во пакетот од 35 евра) и посета на Неапол. Пакет 35 евра (се плаќа во автобус)
- Посета на Поситано,Амалфи и Соренто- Пакет 85 евра (се плаќа во автобус)
- Доплата по лице за седиште од типот на авион на траект 20 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
- Доплата по лице за кабина на траект за 4 лица- 55 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
- Доплата по лице за кабина за траект за 2 лица –105евра повратен билет (се плаќа во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба-4.700мкд (за 3 ноќи)
- Туристичка такса 3 евра на ден по лице (се плаќа во автобус)

Програма
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
- Патникот при резервација ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за кои екскурзии
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел во случај на overbook или други технички причини со подобра или иста категоризација