fbpx
Најди веднаш
10 причини

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ОТПАТУВАТЕ НЕГДЕ ЗА НОВА ГОДИНА

     Целиот свет оваа блескава ноќ ја слави со цел да ја испратат старата година и во Новата да влезат со повеќе надеж и очекување. Секоја дестинација си има своја култна прослава со препознатлив амбиент.

   Па еве 10 ПРИЧИНИ ЗОШТО  ДА ОТПАТУВАТЕ НЕГДЕ ЗА НОВА ГОДИНА:

1. За да ја доживееш Новогодишната атмосфера на некое ново место;

     Отчукувањето на часовникот го означува собирањето на толпата во сите градови. Да, целта е иста, но атмосферата различна. Сите градови се специфични најпрво сами по себе, а потоа по култура, традиција, архитектура и многу друго што воодушевува.

Singapore-New-Years-Eve

2. Прекрасно време за патување;

     Да, времето е прекрасно затоа што насекаде околу вас ќе гледате само топлина, насмевки, среќа… преубаво украсени градови каде удобно ќе се чувствувате.

3. За да се испијаниш на најлудата ноќ со традиционален пијалак досега непознат за тебе;

     Да, зошто да не! Ќе се испијанчиш и тоа на место каде никој не те знае и место кое ќе ти понуди карактеристичен или традиционален пијалак кој сигурно го нема во твојата држава;

new-years-eve-party

4. За да ја доживееш “љубовта“ за една вечер со странец/странкиња;

     Од ваквите патувања секогаш се враќаме со симпатии кон некој/а девојка/момче кое сме го сретнале. Па зошто да не му/и пријдете да го/ја прашате како се вика и да наздравите зедно… Можеби ќе ја доживееш и најголемата авантура во животот.

5. За да не трошиш време, енергија и пари за да се украсиш како новогодишна елка;

     Реално е дека трошиме многу пари на облека, акцесоари, фризури и многу друго што чини многу. Зошто да не инвестираш во само едно патување и да си поминш незаборавно, и да доживееш нешто ново и убаво.

6. Затоа што твојот танц мора да биде покажан на интернационално ниво;

images

     Кога ќе се спомне Нова Година веднаш, асоцира на славење, пиење, пеење, играње… А зошто да не го направиш тоа надвор од државата? Зошто да не заиграш и запееш на непознат подиум? Верувај предизвикот е доста интересен.

7. Затоа што разиграното небото од огномети е исто како и на сликите кои ги гледаш;

     Секој град учествува во натпреварот на најбогати и најубави огномети. Па зошто и ти да не учествуваш во некој таков спектакл со што утре слободно можеш да се пофалиш.

2014_firenew_11_innerbig

8. Затоа што и Facebook мора малце да одмори;

     Патувањата се идеални за да се опуштиш и да се одмориш и од Facebook-от. Прошетките и убавите дестинации нема да ти дозволат да гледаш во телефон, туку токму спротивното твоите очи и твоето цело внимание ќе бидат вперени во убавините на новата околина.

9. За да бидеш ТИ навистина ТИ;

     Многумина зборуваат дека патувањата се книги кои на многу работи можат да не научат. А тоа е и вистина, секое патување си има свои траги кои ќе не научат на нешто ново кое го прифаќаме и не прави подобар човек.

10. За да научиш нов збор од нов јазик.

     Патувањата се одлични места за да го искористиш познавањето на некој странски јазик или пак да научиш некој нов.

Погледнете ги нашите новогодишни понуди и изберете си дестинација за НОВА ГОДИНА 

Staff User

View All Posts