Бран

Замокот Бран сите го поврзуваат со Дракула, но дали навистина овој замок бил негова сопственост? Вистината е дека овој замок е сопственост на кралицата Марија од Единбург и кралот Фердинанд Романски. Нивни дом, кој што го направиле среќно место на “светла и цвеќиња“.

Сите го поврзуваат со Дракула заради Брам Стокер, кој во 1897 година го искористил замокот во приказната за вампирот. Ова место со својата мистичност и потеклото на Влад Цепеш Трети или Влад Дракула, најмногу одговарало во таа приказна.

Аршдук Доминик Хабсбург, внук на кралицата Марија и кралот Фердинанд, за сето ова ја обвинува романската Влада. Кривицата ја префрла на Владата заради тоа што по падот на комунизмот во 1989год. Власта за да привлече туристи ја искористила поврзаноста на замокот со Дракула. Притоа вистинските сопственици да ги прикаже како тирани и експлоататори.

Реалноста била сосема различна, локалното население многу ја сакало кралицата и токму заради тоа и ја поклонило тврдината во 14 век. Кралицата им помагала на сиромашните, била многу добра и хумана, како што вели Хабсбург.

dracula18

Во 2006 год замокот го наследил Хабсбург и неговите сестри и оттогаш се обидуваат да го растераат лошиот глас за местото, со раскажување на историјата на сите посетители. Свесни се дека засекогаш ќе остане поврзаноста на Бран со Дракула затоа што повеќе од 800.000 туристи секоја година го посетуваат замокот заради Дракула, но како што вели Хабсбург “си наминуваат со кралицата“.

На следниов линк погледнете ја нашата понуда за Романија и мистичната Трансилванија http://bit.ly/2h4x49o