Овој остров ќе биде твојот рај! Место каде што можеш да се препуштиш на вистинските задоволства на животот; место каде што морето и небото се соединуваат во совршена хармонија за да ги остварат твоите соништа; место каде што сончевата светлина сјае преку тиркизот и сафирот. Ова е место каде што страста ќе се разбуди и започнува авантурата.

Доколку разговараме за луди забави и танцување до утрински часови, тогаш Миконос е вистинското место за тебе, место каде што ќе можеш да се опуштиш и препуштиш на сонцето и музиката да те водат низ пеколната авантурата. Познает е и по своите песочни плажи-Paradise Beach и Superparadise, а подеднакво привлечни се и плажите Lia, Elia, Gialos и Ornos.

Миконос има уште многу нешта што другите острови ги немаат. Љубителите на добрата храна можат да уживаат во бројните локални специјалитети, како што се колбаси со оригано и бибер, пита со сирење “tiravioia” но и во богатиот избор на риба.

Препознатлив е по боженствените хотели со пет ѕвездички и фасцинантните огромни паркирани јахти веднаш до брегот во кои уживаат и се релаксираат јавните личности.

Доколку сакаш лето како на филм, луксузно и екстравагантно место, со многу забава и познати личности, погледни ја нашата понуда на следниот ЛИНК