Романците се православни христијани и го слават Велигден на исти датум како нас. Велигден се смета за важен како и Божиќ во Романија.

На овој празник семејствата се собираат заедно, јадат специјално направена храна за овој празник и одат во црква.

Постојат многу важни традиции кои се одржуваат, а токму во оваа статија ќе ви доловиме 10 Романски Велигденски Традиции.

1.Посета на црквата околу 11 часот вечерта.

Луѓето одат во црква за да присуствуваат на Велигденската миса, чекајќи свештеникот да дојде и да им ја благослови храната.



2.Сите палат свеќи во црквата, светлото го симболизира Христовото Воскресение. Традиција е остатокот од свеќата да се зачува и да се однесе дома.

3.Романците обично не јадат јагнешко месо , меѓутоа за Велигденските празници секој има специјално подготвени јадења со јагнешко месо. Исто така традиција е јагнешкото месо прво да биде однесено во црква за да биде благословено, па потоа да може да се јаде.

4.Носење на храна и пиење во црква за Велигденската ноќ е традиција.  Во Романија, луѓето носат кошниците полни со јагнешко месо, колачи, вино и свеќи во црква, за да бидат благословени од страна на свештеникот.

5.После Велигденската вечер кога се враќаат дома, со запалена свеќа прават крст од димот на свеќата, тоа ја штити куќата од лоша енергија.

6. “Паска” е посебен леб што се прави и јаде само за Велигден, се прави од пченица и има крст во средина на лебчето.

7.Во Трансилванија има традиција момчињата и младите мажи да ги посетуваат неженетите девојки и да ги прскаат со парфеми. Оваа традиција е позајмена од Унгарците и Австријците. Традицијата вели дека жените кои се прскаат со парфеми ќе мирисаат како цвеќиња цела година и ќе носат убави деца.

Во некои области во Романија има традиција децата да кажуваат песнички, а потоа бараат дозвола од девојчињата да ги прснат со парфем, а додека во други области девојчињата и жените се посипуваат со полни канти со вода.

8.Фарбање на јајца

Романците ги фарбаат Велигденските јајца со природни бои (направени од лушпи од лук) или покреативните ги украсуваат со билки.

9. Кршење со јајца.

Традиција во Романија е гостите да се удираат со домаќините со црвено обоени јајца еден против друг и за време на кршењето да велат: Христос Воскресе! Тој што ќе успее да победи и да го задржи јајцето не скршено се смета дека ќе има долг живот.

10. Во областа Банет во Романија децата си го мијат лицето со водата во која црвеното јајце се чува во текот на ноќта.

Исто така на Велигденската ноќ традиција е дрвјата да се украсуваат со јајца во сите бои.

Доколку ви се допаѓа оваа традиција имате можност да ја доживеете со нас, погледнете ја програмата на овој ЛИНК