Франција е на врвот на листата на најпосетувани земји, од Париз, до Стразбур, Колмар и се до морските вински атрактивни предели. Оваа земја е позната по виното, љубовта, модата, живописн предели и атракции и како таква е земја од соништата.

Филмови за Франција

Франција е многу филмувана и за многу од нас токму тие филмови биле инспирација за да ја посетиме оваа магична земја. Најголема инспирација е цитатот “Париз е секогаш добра идеја“(Paris is always a good idea) што го кажа Одри Хепберн во филмот Сабрина 1954 година, но одличен е и римејкот на филмот од 1995. Многу инспиративен филм е и Француски бакнеж, French Kiss, во кој глумат Мег Рајан и Кевин Клајн. Ова е смешна и романтична приказна која се одвива во Париз- Прованса – Алпи – Азурен брег и Кан.

Книги за Франција

Најпшозната книга за Франција е дефинитивно Богородичната црква во Париз од Виктор Иго и е едно од уникатните класични дела кое мора да го прочитате. Оваа приказна за Квазимодо и Есмералда останува врежана за цел живот на оној што ќе ја прочита. Друга е книгата Чоколада, која е филмувана, како и книгата Ана и францускиот бакнеж. Овие се главните инспиративни книги за патување во Париз.

Француска кујна

Французите се познати по тоа колку уживаат во храна, за нив ручекот е ритуал и трае. Најчесто е проследен со четири до пет јадења, предјадење, супа, главно јадење, сирење и десерт. Тие се познати по највкусните сирења низ светот, како и по разни преработени меса. Но исто така и супата е карактеристична за француската кујна, супа од лук, грав, од тиква и познатата авињонска супа. Развојот на француската кујна започнува со Катерина де Медичи кога во 1533 година заминува во Франција за да се омажи за Хенри Втори и со себе ги земала и готвачите, слаткарите и келнерите.

Француски  пијалаци

За да се почувствувате дека сте во Франција доволно е да земете шампањ, пенливо вино во кое ќе уживате. А доколку не сте љубител на пенливите вина земете обично француско вино или коњак кој исто така е француска пијачка, која се произведува со дестилација на вино, а уникатниот вкус го добива бидејќи се чува во дабови буриња. Со француски филм или книга, сирење и вино уживајте оваа вечер во виртуелната прошетка низ Франција.