Постојат различни начини да се инспирираме за патување и веднаш да сакаме да го спакуваме куферот. Еден од тие е дефинитивно е филмот, снимен во далечна и езотична земја, кој ќе ни ја разбуди желбата сега да сме таму. Книгата која ќе ни созаде возбуда, а странската кујна која ќе не смири и чаша вино која ќе не врати во убавите моменти на некое наше патување. Со книга, филм, музика, храна и коктел или вино во рака, дефинитивно можеме да патуваме виртуелно, дури и сега кога сме заглавени дома.

Во овие тешки моменти кога сме премногу ограничени за патување, ние ќе се потрудиме преку инсприративни книги, филмови и деликатеси да ве прошетаме во Австралија. Добра идеја да ги посетиме Сиднеј, Мелбурн или Бризбејн, може нели?

Филмови за Австралија

Филмот од 2008 година – Австралија(Australia) со Никол Кидман се одвива во Северна Австралија на почетокот на Втората светска војна. Приказната е за една жена која пренесува добиток преку земјата само за да пристигне во Дарвин, за време на јапонското бомбардирање на градот. Друг филм е Traks, базиран на истоимената книга, ја раскажува вистинската приказна на една жена која поминала 9 месеци низ австралиската пустина со камили.

Книги за патување во Австралија

Еден од најдобрите патеписи за Австралија е книгата Долу под (Down Under) од Бил Брајсон. Тој во книгата детално ја опишува својата авантура низ земјата, луѓето што ги среќава и работите што ги учи. Меѓутоа фаворит е книгата Еден за патот (One For The Road)од Тони Хорвиц, кој во кнгата го споделува своето искуство со автостоп низ целата земја во 80тите години на минатиот век.

Австралиска кујна

Во австралија обожаваат солена храна. Карактеристични нивни јадења што може дома да ги спремите се пита со месо и бургер со јагнешко, сино сирење, цвекло и пржено јајце, верувајте неверојатно е! Доколку сакате нешто полесно, направете тост од авокада, за него велат дека е измислен во Австралија. Австралиски познати прехрамбени производи се Вегемит(производ од квасец и со некои типови на зеленчук) и Тим Тамс едни од најдобрите колачиња.

Австралиски пијалаци

Во Австралија се произведува пиво, но не се познати по извозот надвор. за разлика од тоа нивното вино е доста распространето низ светот. Познати вина, чии етикети може сте ги виделе до сега се Yellow Tail, Penfold’s и Wynn’s. За безалкохолни пива ви препорачуваме да пробате пиво од ѓумбир Бундаберг, Bundaberg Ginger Beer. Со него може да направите коктел Moscow Mule, но сега веќе одиме во Русија 🙂 Уживајте во австралиска храна, вино и една книга и филм, а во подобри времиња и физички ќе може ад ја посетиме оваа прекрасна земја, па ќе бидеме спремни.