Без разлика дали е богато црвено или суво бело, виното е едно од најголемите задоволства на животот. Мистеријата на она што се наоѓа внатре во една флаша вино многумина го изјаснуваат како поезија. Вино е жива течност создадена од конзервансите на младоста, зрелоста, староста и смртта. Најпозната природна течност во светот која е доведена до најголема перфекција и нуди голем опсег за уживање и благодарност.

 

photo_verybig_15219

 

Приказната на Македонското вино е приказна со безброј ликови, вкусови и тајни на рецептите кои традиционално со векови се пренесуваат од генерација на генерација. Специфичноста на секое зрно грозје со кое се гради и најголемата тајна на вкусовите на Вината од Македонија е сонцето и бескрајната природна убавина. Историјата вели дека на овие простори виното датира уште од античките времиња како омилен пијалак на кралевите Филип Втори и неговиот син Александар Велики. Во пишаните факти на историјата виното е наведено како ценет пијалак и за време на Римската Империја. Но својата главна позиција виното ја зазема со доаѓање на христијанството каде било претставувано како “крвта Божја“.

Фактот дека Македонија има мошне поволни услови за одгледување на грозје со кое се произведува вино го прави едно он нај произведените пијалаци. Најдобар начин да се запознае со македонските вина е да се биде дел од винските тури кои се организираат. Турите овозможуваат посета на винарите и фармите но исто така и да ги дегустирате убавите вина и секако ќе бидете понудени со традиционално јадење.

Baaric podrum 2

Една од турите опфаќа пет винарски визби која почнува од винаријата “Грков“, во селото Крњево. Оваа визба е една од помладите визби. Тука имате можност за посета на манастир кој се наоѓа во непосредна близина, а се разбира и музејот за историјата на виното. Следна дестинација е “Еленов“ во Демир Капија, како  и “Попова кула“.

Подготовката на виното овде ќе ви биде во центарот на вниманието. Не заминувајте додека не го посетите и античкиот град Стоби, кој се наоѓал на теритотијата на старо македонското племе Пајонци. Во Македонската култура и историја се наоѓаат и наградените вина од винаријата “Бовин“. Во нејзината посета доволно е само да ја земете чашата вино и да се релаксирате во прекрасната глетка и да уживате во богатството на виното. За крај патувањето се заокружува со винаријата “Тиквеш“. Тука се наоѓа и еден атрактивен автентичен ресторан. Заедно со врвните вина на винаријата пропратени со вкусни специјалитети на македонската кујна бескрајно ќе уживате.

Оној што еднаш ја видел Македонија задолжително го памети вкусот на вината од оваа земја како и неодоливиот шарм на овие предели.

Интересно да се прочита:

Љубителите на виното уживаат во долгите разговори за виното и неговиот вкус. Понекогаш овие разговори звучат застрашувачки. Доколку се запознаете со дел од клучните изрази кои се користат во светот на виното, ќе можете лесно да се впуштите во интересни дискусии и да бидете омилен соговорник за време на пријатни прилики за дружење.

960x522_36-1377593990-header

Вински изрази

Апелација (франц. appellation) – законски дефинирана и заштитена географска област со која се идентификува потеклото на грозјето користено за производство на вино.

Барик (франц. barrique) – дабово буре со зафатнина од 225 литри.

Ботритис – болест на виновата лоза предизвикана од фунги што ја напаѓаат во влажни климатски услови.

Буке (франц. bouquet) – комбинација од ароми кои се чувствуваат при мирисање на виното.

Винификација – процес на производство на вино, почнувајќи од изборот на грозје кое ќе се користи во производството, па сè до пакувањето на виното во шишиња.

bovin-casa

Витикултура – наука која ги опфаќа сите аспекти на производство и проучување на грозјето. Се однесува на активностите кои се одвиваат на лозјето.

Енологија (брит. анг. oenology; амер. анг. enology) – наука која ги опфаќа сите аспекти на проучување на виното и неговото производство. Оваа наука не ги вклучува одгледувањето и бербата на грозје.

Енолог – специјалист за производство на вино, експерт во областа енологија.

Енофил (франц. oenophile) – љубител и познавач на виното.

Куве (франц. cuvée) – комбинација на две или повеќе вина од различна сорта или, пак, од различна година на берба. Синоним на зборот купажа (франц. coupage).

Сомелиер (франц. sommelier) – обучен познавач на виното, професионалец кој најчесто работи во угледни ресторани и дава препораки на гостите во изборот на вино.

Танин – состојка во виното која доаѓа од лушпите, семките и петелките на грозјето. Го дава основниот горчлив вкус на виното. Не е пожелна во големи количини.

Тероар (франц. terroir) – комбинација на влијанието на природните елементи: почва, клима и топографија на уникатните карактеристики на одредено место. Токму од овие работи зависи вкусот и квалитетот на виното произведено од грозје кое се одгледува на тој специфичен локалитет.