ВЕЛИГДЕН НА КРФ

Palm Sunday (Палмова Недела)

Овде Велигден почнува да се слави една недела порано, неделата пред празникот.

Овој ден има поворка на Свети Спиридон, заштитникот на островот Крф чии мошти се наоѓаат во истоимената црква во градот Крф. Тој е светец кој ја протерал чумата од островот 1629 година и го ослободил островот од неа. Во чест на тоа секоја наредна година од 1630 година се одржува оваа традиција и учествуваат 18 бендови од Крф. Истиот ден во вечерните часови се одржува концерт на Филхармонијата “Манцарос“ во Општинскиот театар.

Great Monday and Tuesday (Големиот Понеделник и Вторник)

Понеделникот и вторникот исто има дел од церемонијата, како што се музички и поетски вечери на тема “Од голгота до воскресение“ организирано од страна на Агенцијата за настани на Крф. Ова се одржува пред Палатата Мајкал и Џорџ.

Great Wednesday (Големата Среда)

Во текот на Големата среда во сите цркви се пеат црковни песни , a Општинскиот хор му дава своја боја и тон на концертот на црковна музика.

Holy Thursday (Велики Четврток)

Велики четврток е денот кога се бојадисуваат јајца и во сите цркви се чита Дванаесеттото Евангелие, а во католичката катедрала “Дуомо “ на плоштадот на градското собрание, нешто уникатно се случува. Има 12 запалени свеќи и на крајот ан секое читање се гаси по една. И покрај различните датуми на славење, на Крф Католичката црква учествува во сите настани на Православната црква и заедно прославуваат, имајќи дозвола од Папата, бидејќи во спротивно семејствата и заедницата ќе бидат поделени…

Good Friday (Велики Петок)

Епитафските процеси на Велики Петок на Крф имаат поинаква боја и ритуал што го прават настанот импресивен. Од сите цркви се излегува со Епитаф и сите се среќаваат во центарот на градот. Од Црквата Света Спилеотис од Новата Тврдина излегува првата поворка, а истовремено следи и епитафот од храмот Пантократор во Кемпело, а потоа следат сите други, завршувајќи со највеличествениот од сите, Епитафот на Митрополис. Излегува по 22 часот во придружба на филхармониски оркестар и венецијански стилски светла со пурпурна боја на Листон, во знак на жалост. Хорот и илјадници верници ги држат свеќите запалени, високо. Поворката оди по одредена рута, од Катедралата се качува по ѕидовите на улицата Арсениу и поминува низ портата на Палатата, пристигнувајќи на Еспинада, а од таму до историскиот дел на градот. Како се движат илјадници запалени свеќи го покажуваат нивниот пат. Трите главни групи имаат различен начин на свирење со поинаква песна. Црвениот е “Стариот“ бенд, кој го свири Адаџо од Албинони, сината група која се вика “Манцарос“ ја свири Марсија Функбре од Верди и бендот “Каподистриас“ ја свират Елегија Фунте, Свентура Маријани и погребниот марш на Шопен.

Great Saturday (Света Сабота)

Настаните и обредите на Велика Сабота се најдобрите моменти на Велигден на Крф, почнувајќи од 6 часот наутро во црквата “Мадона на странци“, кога вештачкиот “земјотрес“ е создаден за да го претстави земјотресот за време на востанието, според Светото Писмо. Подоцна се одржува Епитаф во црквата Свети Спиридон. Ова е останато од Венецијанците кои од безбедносни причини ги забраниле јавните епитафски поворки, па затоа истите се одржувале во црквите. Во исто време има уште една процесија, кога повторно ги шетаат моштите на Свети Спиридон, но овој пат во чест на ослободувањето на островот од глад. Истоврено групите свират погребни песни како “Амлето“. И одеднаш расположението и музиката се менува од епитаф на жалост во епитаф на радост во 11 часот претпладне. Во овој момент на сите тераси на Листон се фрлаат големи глинени ќупови, голем дел полни со вода. Истовремено сите црковни ѕвона интерпретираат радосни звуци, во близина на Листон кој е вистински центар на овој обичај. Потеклото на овој обичај има неколку теории, една вели дека има свои корени во времето на венецијанското владеење, кога луѓето ги фрлале своите стари работи на Нова Година, со надеж дека следната година ќе донесе нови и подобри. Друга теорија вели дека во античка Грција луѓето во април ги фрлале своите стари пити, за да ги полнат новите со свежо овошје, на овој начин го славеле почетокот на земјоделската сезона. Која и да е причината овој обичај се слави и од година на година е се поспектакуларен и погласен. Додека се кршат ќуповите оркестрите свират радосни песни и маршираат низ градот. Обичајот на “Мастелите “ е во Пиниа, каде што се наоѓа стариот трговски центар на градот. Многу денови пред велигден, во сабота луѓето од Пинија, наречени “Пиниадорои“ ставаат голема кофа полна со вода, украсена со палми и ловор и секој што ќе помине од таму мора да фрли една паричка внатре. Во времето на првото воскресение “Пинјадорој“ ловел да фати некој и да го фрли во кофата, но тој паѓа и со водата ги испрскал и музичарите и луѓето кои биле околу и си ги земал собраните пари, како компензација. Овој обичај замрел неколку години, но сега повторно го оживуваат. Во 22 часот навечер е службата на Воскресението која завршува во 23 часот. И конечно доаѓа моментот на Воскресението што сите го очекуваат, Најголем спектакл има во градот, но секое село има свои церемонии.

Easter Sunday (Недела прв ден Велигден)

Точно на полноќ целиот плоштад Спинада, Тврдината, се е преполно со илјадници луѓе, а службата за воскресение се наоѓа на плоштадот Горна Спинада. Тогаш точно на полноќ кога Епископот го пее “Христос Воскресе“ експлозијата на стотици возбудливи огномети, ќе биде искуство кое никогаш нема да го заборавите. Забавата продолжува цела ноќ, прво се јаде супа “циличурда“, многу вино и велигденски колачи наречени “фогаца“. Во неделата во секоја црква има процесија. Традицијата на Крф за велигденски ручек била супа од јајце и супа од лимон и три видови месо, а јагнето се печело вториот ден на велигден, но сега во недела низ цел остров се вртат јагниња. Луѓето овде продолжуваат да го слават празникот и има пеења во црквите до наредната недела. Доколку ви се допаѓа оваа традиција имате можност да ја доживеете со нас, погледнете ја програмата на овој ЛИНК