Агенцијата поседува лиценца А и организира и реализира секаков тип на групни патувања. Во периодот од нашето постоење до денес успеавме организациски да ги понудиме сите потребни услуги, за бројните клиенти на домашниот и поширокиот туристички пазар.
Нашата цел секогаш да обезбедиме квалитет и комплетно доживување по најповолни цени е она што најмногу не разликува од останатите. Секогаш се стремиме во аранжманите да вклучиме што повеќе услуги, а да не постојат скриени трошоци!
За време на групните патувања секогаш е присутен организатор на патувањето и професионален пратител од агенцијата, достапен за своите гости 24/7.
Групни патувања на разни дестинации се организираат во текот на целата година, за време на викенди, празници, зимски одмор и летен одмор.
ВИДИ ПОНУДА
Користејќи го сопственото искуство како работното и личното, нашиот професионален тим е подготвен да одговори на вашите индивидуални барања во секое време.
При организација на приватни или деловни патувања, Т.А. СТАФ може да посредува и организира се од резервација на авионски билети, хотелско/апартманско сместување, трансфер, па се до реализација на патувањето што подразбира креирање на предлог програма осмислена според вашите специфични барања и секако планираниот буџет.
Особено сме посветени на индивидуалните барања од нашите клиенти и при организацијата секогаш се стремиме кон максимална заштеда и секако квалитетна понуда.
КОНТАКТИРАЈ АГЕНТ
Уживајте во свет на поинакво и персонализирано MICE решение. Нашите инсиративни искуства ќе придонесат свежина и оригиналност на вашиот настан.
Што означува кратенката MICE?
– Добро позната во Бизнис круговите, за оние кои што уште не ја сретнале, кратенката се однесува на:
Како организатор на Вашиот настан/патување, тимот на Т. А. СТАФ ја презема одговорната задача на организатор и координатор овозможувајќи ви комплетна услуга. Внимателно го планираме настанот на единствен и креативен начин, кој соодветствува со вашите желби, потреби и го отсликува вашиот бренд или институција. Стануваме ваш тивок партнер кога најмногу ви е потребно!
Зошто да ни ја подарите вашата доверба?
Светот е само едно големо игралиште, велат нашите соработници од Сава Осигурување. Дефинитивно факт со кој се сложуваме 🙂 Со најновите светски достигнувања, може овој миг да си дома, а веќе следниот во Рим. Но како и секој следен момент така и во патувањето не знаеме што се не очекува. Затоа најсигурен начин да бидеме секогаш подготвени е да се осигураме.
Клиентите на Т.А. СТАФ, најчесто го користат пакетот GOLD кој меѓудругото покрива до 30.000евра трошоци за лекување од незгода или болест. За подетални информации за целосното осигурување од ризик, информирајте се кај некој од нашите агенти.
Бидете безгрижни на секое патување!
НАРАЧАЈ ОСИГУРУВАЊЕКУПИ КАРТИ ЗА СЕ е првиот и единствен систем за продажба на влезници за културни и спортски манифестациии во Македонија.
Т.А. СТАФ е официјално продажно место каде можете да си купите карта за сите настани во и надвор од Македонија.
Побарајте влезници за најголемите случувања, поблиску до вас!
КОНТАКТНалета на добра понуда, доби покана или едноставно сакаш да избегаш малку од се?!
Отсега куферот може да ти е секогаш подготвен. Со брзиот потрошувачки кредит патувај сега, плати потоа, на рати.