ЗАКИНТОС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2020

ЗАКИНТОС е трето по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.

ЗАКИНТОС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2020

BLACK FRIDAY ПОПУСТ 30 евра ПО ЛИЦЕ

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

Дали знаете?

  • Грчките богови Артемида и Аполон го избрале Закинтос за одмор поради пријатните климатски услови, преубавите плажи, кристално плавото море и прекрасното зајдисонце.
  • Заштитен знак на Закинтос е Навајо плажата со познатиот заринкан брод, до него може да се стигне исклучиво со брод.
  • Поради богадиот ноќен живот и извонредниот провод, островот го викаат и “грчка Ибица”.
  • Во Лаганас се наоѓаат преку 100 локали (клубови, барови…) наменети за провод, со најдобри коктели.

 

1.Ден / Скопјe – Македонија – Грција:

Поаѓање од паркингот спроти Holiday Inn во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-8. Ден / Грција – КИЛИНИ – Лаганас: 

Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 7 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.

8.Ден / Лаганас – КИЛИНИ – Грција:

Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

9.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

 

Andreas Studios 2*

ANDREAS STUDIOS 2*  (по локална категоризација) се наоѓа на Каламаки улицата на 500 метри од плажата и на 300 метри од главната улица. Се наоѓа во близина на хотелот Икарос. Сите соби имаат тераса, кујна и купатило, а опремени се со фрижидер и клима уред (со доплата на лице место)

.

Ilias Studios 2*Ilias Studios 2*(локална категоризација) –  се наоѓа на 800 метри од центарот и 300 метри од плажата. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 соби. Сите соби имаат тераса, кујна и купатило, како и клима (со доплата на лице место)

.

Akropolis Studios & App 2*

Akropolis Studios & App 2* (локална категоризација) се наоѓа на 350 метри од морето и на 450 метри од главната улица. Располага со 1/2 и 1/3 соби и 1/4, 1/5 и 1/6 апартмани кои се опремени со кујна, купатило, клима (со доплата на лице место)

 

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 7 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 400 денари – се плаќа во агенција
  • Превоз со брод на релација Килини – Закинтос – Килини 20евра
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.Разлгед на најубавите плажи на островотСпоред легендата, старогрчките богови Аполон и Артемид, поради благата клима, преубавите плажи, кристално чисто море и мигичните заоѓања на сонцето го имаат избрано токму овој остров за одмор. Ќе Ве очекуваат целодневни излети на најубавите плажи на островот, Sv Nikolas и плажата Banana.  Песочни плажи, во чија непосредна близина има и неколку барови, таверно и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите.Плажа BananaНајголемата плажа на островот, која е препознатлива по своето егзотично, небесно плаво море. Не очекува незаборавен ден на оваа плажа, каде што ќе уживате во сонцето,   морето и одличната забава на плажа. Стотината млади од Balkan Fun на едно место ќе Ви направат овој излет незаборавен…
Плажа Sv NikolaОва е една од најубавите плажи на островот, која покрај својата убавина нуди и доста beach барови, таверни и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите. Цел ден ќе поминеме на оваа плажа и ќе ги наполниме батериите за остатокот од летувањето.Разглед на градот ЗантеОва е еден од најубавите градови на Јонското море, се наоѓа во заливот од југоисточната страна од островот, во подножјето на брдото Бохали. Градот има прекрсасни градби, цркви и плоштади, својот денешен изглед го формирал после 1953. година, кога најголем дел од градот бил уништен од големиот пожар и земјотрес.Еден од најитересните делови е Соломоновиот плоштад, најголем на островот, на кој се наоѓа и црквата St. Nicolаs on the mole, единствена градба од венецијанската епоха која го преживеала големиот пожар и земјотрес. На падините над градот се наоѓа и споменикот на Соломос, кој е роден на овој остров, а во непосредна близина се наоѓаат и остатоците од некогашниот замок.Сигурно најубавото место од островот е брдото Бохали, од каде имате прекрасна панорама и поглед на градот и целиот остров. Не очекува целодневен разглед на градот и слободно време за индивидуални активности. Голем е бројот на ресторани, кафичи и афтентични таверни во кој може да пробате некои од локалните специјалитети и да се освежите.Крстарење со брод – плажа NavajoNavajo плажата со сигурност е една од најубавите грчки плажи, до која може да се стигне единствено со брод. Ќе уживате во неверојатните пејсажи и преубавата природа на островот додека пловите со бродот. Ќе ги видиме Silvi, Alikes, неверојатните и преубави Плави Пештери и Navajo плажата, симболот на Закинтос која се наоѓа на сите каталози и разгледници од островот.Бојата на водата, песокот, заливот и карпите која ја опкружуваат, заедно со стариот брод е нешто што сакате да го доживеете додека сте на островот. Ќе направите прекрасни фотографии на ова место. Во текот на целодневното крстарење повеќе пати ќе застануваме заради бањање и сликање.Журка на бродСпремете се за единствената журка на брод. После влегувањето на бродот започнуваат незаборавни неколку саати добра забава и бањање по преубавите заливи и скриени плажи. Сонцето, стотината млади и најдобрите музички хитови ќе направат одлична атмосфера и провод за памтење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите…

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2020