Villa “ZORBAS” – Неа Флогита

Неа Флогита е мало селце кое се наоѓа непосредно до Неа Модања, на источната страна од полуостровот Касандра (првиот крак од Халкидики). Се работи за исклучително мирно туристичко место, идеално за сите кои сакаат потполна релаксација за време на летниот одмор. Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.

Villa “ZORBAS” – Неа Флогита

Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во строгиот центар на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната, долга и тесна тераса со страничен поглед кон паркот и рестораните пред плажата, просторна кујна со трепезариска маса. Дуплекс апартманите /4+2/ со две одделни спални соби со директен поглед кон плажа и море со голема кујна со трепезариска маса, клуб масичка и голема тераса кон море. Апартманите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима (со доплата 5€ на лице место), како и бесплатен интернет. Апартманите се наоѓаат на II кат.

Бесплатно сместување за 3то и 4то лице во АПТ /2+2/ | 5то и 6то во дуплекс АПТ /4+2/

5% попуст за уплата до 01.04

Термин:

Ноќевања:

АПТ /2+2/(со една спална)

Дуплекс АПТ /4+2/

18.05-25.05.2019

7

50€

40€

25.05-01.06.2019

7

85€

65€

01.06-08.06.2019 

7

115€

80€

08.06-15.06.2019 

7

145€

100€

15.06-22.06.2019 

7

165€

115€

22.06-29.06.2019 

7

185€

135€

29.06-06.07.2019

7*

375€

515€

06.07-13.07.2019 

7*

405€

5555€

13.07-20.07.2019 

7*

445€ 

585€

20.07-27.07.2019 

7*

445€

585€

27.07-03.08.2019 

7*

445€

585€

03.08-10.08.2019

7*

445€

585€

10.08-17.02.2019 

7*

445€

585€

17.08-24.08.2019 

7*

405€ 

555

24.08-31.08.2019

190€ 

140€ 

31.08-07.09.2019

7

145

100

07.09-14.09.2019

7

105

75

14.09-21.09.2019

7

80

60

21.09-28.09.2019

7

60€

45

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална /2+2/ и 5-то и 6-то лице во дуплекс апартман /4+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

–  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

–  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

–  Доплата за клима – 5€ од ден на лице место;

–  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за патничко осигурување.

 

 

Facebook35k
Instagram3k