ВИЛА THEANO – КАЛИТЕА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Според тврдењата на туристите, Калитеа претставува најубавото монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 90 километри од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL“. Во местото има луксузно опремени продавници за кожа и крзно, за сувенири, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптека, такси станица како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак, како и со Солун. Градот чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните и заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода во која го губите чувството за длабочина. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат.

ВИЛА THEANO – КАЛИТЕА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Вила Theano, се наоѓа во строгиот центар на Калитеа односно на самата пешачка зона и на околу 150m од плажа. Вилата располага со 1/3 студија и 3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални. Секое студио / апартман е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, фен, балкон (масичка со столчиња) со поглед на шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен интернет. Пиејќи го кафето на вашата тераса и прекрасниот поглед кон шеталиштето, имате чувство исто како да сте во некоја кафетерија.

 10% попуст за уплата до 01.04.2019

 

“Theano”
Kалитеа
термин  МАЈ  ЈУНИ
ЈУЛИ АВГУСТ
СЕПТЕМВРИ 
18 25 01 08 15 22 29 06 13 20 27 03 10 17 24 31 07 14 21
бр. ноќи  7 7 7 7 7
7 7 *
7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7 7
1/3 студио  45 75 95 125 150 170 335 355 375 375 375 375 375 355 155 120 85 65 50
Дуплекс АПТ /3+2/ 35 55 65 85 105 125 460 505 555 555 555 555 555 525 130 95 65 55 40
опис на ценовникот цени по лице со превоз цени за наем на цело студио/апартман цени по лице со превоз

 

 

НАПОМЕНА
  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио и 5-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
  • Во студио, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;
  • За дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата (на булеварот);
  • Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување.

 

Theano

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019