ВИЛА ТЕМЕЛИС ФУРКА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Градчето Фурка, веројатно за најголемиот број од туристите на Халкидики кои се прошетале долж двете страни на првиот крак, претставува едно од највпечатливите места кои ја дефинираат туристичка понуда на Касандра, со поглед кон заливот Термаикос и Солун. Иако не така експонирана, десната страна на Касандра (гледано кон морето) е сепак прекрасно дело на природата, која смело се поиграла со копното наспроти широчината на големиот залив и отвореното Егејско море. Градчето Фурка, како и многуте туристички места кои се нижат покрај оваа страна од првиот крак, е препознатливо по своите специфични географски карактеристики. Опкружено со пошумените страни на блиските ридови, положено покрај песочните плажи и синото море, ова место оддамна ги освоило своите први туристи. Добрата инфраструктура, организираните и квалитено изградени објекти за сместување, туристичките содржини на Фурка и ја дале карактеристиката за едно од најубавите места на десната страна од Касандpа.

ВИЛА ТЕМЕЛИС ФУРКА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

ПОПУСТ ОД 10%

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 30.03.2019!!!

 

ТЕМЕЛИС е хотел од апартмански тип. Има прекрасен двор со зеленило и палми и два базени, еден голем и еден мал, детски. Покрај базенот се наоѓа кафе бар со лежалки и чадори кои се бесплатни, а позади хотелот има паркинг за гостите. Хотелот е оддалечен околу 280 метри од плажата и 150 метри од центарот на Фурка. Располага со трокреветни студија кои се опремени со кујна со основни садови за готвење, еден брачен и еден единечен кревет, ТВ, WC и клима која е вклучена во цената, просторна тераса која е со поглед на базенот и гарнитура на терасата. Промена на постелнина, еднаш во текот на престојот.

ВИЛА ТЕМЕЛИС – ФУРКА

ТЕРМИН:

НОЌИ

1/3 АПП

18.05

7* ПРОМО

49€

25.05

7* ПРОМО

59

01.06

7*

79

08.06

7*

109

15.06

7*

119

22.06

7

129

29.06

7

270

06.07

7

300

13.07

7

325

20.07

7

345

27.07

7

345

03.08

7

345

10.08

7

345

17.08

7

310

24.08

7*

129

31.08

7*

119

07.09

7*

89

14.09

7* ПРОМО

69

21.09

7* ПРОМО

59

 

НАПОМЕНА:   

– Цените со * се однесуваат за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз, a цените без * се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања.

– За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра;

-Во апартман за термините со *, две лица плаќаат полн износ, а третото и четвртото лицe се сместуваат бесплатно и плаќаат само за превоз ( доколку користат).

Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман/ студио и се плаќа на лице место.

– Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

– За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.

– Попустите за рана резервација не се комбинираат со попустите за 7 + 7 ноќевања.

– Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00 мкд.

– Цената само за превоз: Скопје Халкидики Скопје изнесува:

35 € возрасни.

25 € деца од 2 – 12 години.

БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште).

 

 

 

   

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018

 

Facebook35k
Instagram3k