Вила Talassinos – Неа Плагиа – Грција Лето 2019

Неа Плагиа има плитка и песочна четири километри долга плажа покрај која се протега убаво уредено шеталиште со многу таверни, слаткарници, кафетерии, маркети…Гратчето е споено со Неа Флогита и изобилува со забавни игри за децата што се лоцирани покрај самата плажа. Целото туристичко место станува атрактивно особено во вечерните часови кога шеталиштето започнува да се полни со најразновидни тезги на отворено каде туристите можат да пазаруваат по пристапни цени. Топлото море, одлично уредената плажа каде можете да изнајмите лежалки и чадори за сонце, како и неколкуте паркови во кои доминираат дрвореди палми ја издвојуваат Неа Плагиа како одлично место за летување на семејства со деца на помала возраст.

Вила Talassinos – Неа Плагиа

Грција Лето 2019

ПОПУСТ ОД 10 %

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 01.03.2019 !!!

Касандра ги има пространите песочни плажи со кристално бистро, чисто и топло море, живописните летувалишта, традиционалните села и ноќен живот. Близината на Солун му даваат предност пред многу други места за одмор. На самиот влез во Касандра, на само 45 километри од Солун се наоѓа малото туристичко место Неа Плагиа. Вила Talassinos се наоѓа во централниот дел на Неа Плагиа, лоцирана на само неколку метри од убаво уредената плажа. Од морето ја дели парк преполн со зеленило. Во нашата понуда имаме трокреветни и четирикреветни  апартмани на прв спрат кои имаат тераси заштитетни со чадори кои имаат поглед кон морето.

Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрично решо со две рингли, аспиратор, мал фрижидер, основни садови за готвење и јадење),телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата и апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Вила „Talassinos” – Неа Плагиа

Термин: Ноќевања: 1/3 апартман 1/4 студио

1/4 апартман

22.05-01.06.2019

10 7.440 ден (120 €) 9.300 ден (150 €) 12.400 ден (200 €)
01.06-11.06.2019 10 11.780 ден (190 €) 13.640 ден (220 €)

17.360 ден (280 €)

11.06-21.06.2019

10 15.500 ден (250 €) 17.360 ден (280 €) 21.080 ден (340 €)
21.06-01.07.2019 10 21.700 ден (350 €) 23.560 ден (380 €)

27.280 ден (440 €)

01.07-11.07.2019

10 26.040 ден (420 €) 27.900 ден (450 €) 31.000 ден (500 €)
11.07-21.07.2019 10 30.380 ден (490 €) 32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

21.07-31.07.2019

10 30.380 ден (490 €) 32.240 ден (520 €) 35.960 ден (580 €)
31.07-10.08.2019 10 30.380 ден (490 €) 32.240 ден (520 €)

35.960 ден (580 €)

10.08-20.08.2019

10 30.380 ден (490 €) 32.240 ден (520 €) 35.960 ден (580 €)
20.08-30.08.2019 10 26.040 ден (420 €) 27.900 ден (450 €)

31.000 ден (500 €)

30.08-09.09.2019

10 21.700 ден (350 €) 23.560 ден (380 €) 27.280 ден (440 €)
09.09-19.09.2019 10 15.500 ден (250 €) 17.360 ден (280 €)

21.080 ден (340 €)

19.09-29.09.2019

10 10.540 ден (170 €) 12.400 ден (200 €)

15.500 ден (250 €)

Вила Talassinos Апартман бр.1

Трокреветен апартман на прв спрат со две простории одделени со врата меѓу себе. На влезот во првата просторија се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во втората соба има три единечни кревети со нормални димензии, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Вила Talassinos Апартман бр.2

Трокреветен апартман на прв спрат со две простории одделени со врата меѓу себе. На влезот во првата просторија се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во втората соба има три единечни кревети со нормални димензии, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Вила Talassinos Апартман бр.3

Четирикреветен апартман на прв спрат со две соби одделени со врата меѓу себе. Во првата просторија има два единечни кревети со мебел и тука се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Собата има прозорец. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во другата спална соба која е одделена со врата има два единечни нормални кревети, мебел, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Вила Talassinos Студио бр.4

Четирикреветно студио на прв спрат кое има само една просторија во која се наоѓаат четири единечни кревети со нормална димензија, гардеробер, телевизор и клима уред. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (мини шпорет со рерна, голем фрижидер со одделна комора, основни садови за готвење и јадење), како и трепезариска маса. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Вила Talassinos Апартман бр.5

Четирикреветен апартман на прв спрат со две соби одделени со врата меѓу себе. Во првата соба има два единечни кревети со мебел и тука се наоѓаат елементите од кујната во која има мини шпорет со рерна, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со одделна комора. Собата има прозорец со ролетна која има поглед на улица. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е опремено со туш кабина. Во другата соба која е одделена со врата има два единечни нормални кревети, мебел, трепезариска маса, телевизор и клима уред. Од оваа соба се излегува на тераса со поглед кон морето, опремена со пластична маса, столчиња и чадор за сонце.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Неа Плагиа
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019