ВИЛА ТАЛАСА ПЕФКОХОРИ – ГРЦИЈА ЛЕТО 2020

Доколку би го превеле неговото име, тоа всушност буквално би го означило и негово вистинско осликување – “село во борови”. Ова познато туристичко место, кое се наоѓа на првиот крак на Халкидики – Касандра, е оддалечено на само десетина километри од веќе опишаното Полихроно. Многу поголемо и со многу повеќе содржини, Pefkohori со својата динамичност на постојано движење, секогаш претставувало магнет за туристите кои во летото бараат и многу забава. Опкружено со борови шуми, протегнато покрај прекрасното море и песочната плажа, ова туристичко место отсекогаш се вбројувало во најпознатите и најпосетените на полуостровот Халкидики. Многуте објекти за сместување, хотелите од сите категории, како и вонпансионските содржини со кои изобилува, Пефкохори го издвојуваат како високо развиена туристичка дестинација.

ВИЛА ТАЛАСА ПЕФКОХОРИ

ГРЦИЈА ЛЕТО 2020

 – 10% попуст

Попустите важат за комплетна уплата до 29.02.2020

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

Вила ТАЛАСА се наоѓа на 40 метри од плажа. Располага со трикреветни студија со балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ и клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Истата е од Б-категорија.

 

Опис на студијата:

1/3 студио на ниско приземје со заграден дел како балкон, една просторија со дупли и единечен кревет или 3 поединечни кревете и мини кујна.

1/3 студио на 1 кат, една просторија со дупли и единечен кревет и мини кујна и балкон.

Сместување за минимум 2 лица во студио, 3-та особа бесплатно (плаќа само превоз)

 

Табела бр.1 – вонсезонски цени

ТЕРМИН 24.05.2010 31.05.2020 07.06.2020 14.06.2020 21.06.2020
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи
ТАЛАСА 85 € 115€ 135 € 155 € 175 €

 

Табела бр.2 – сезонски цени

ТЕРМИН НАЕМ 1/3 стд приземје 1/3 стд 1кат
28.06.2020 7 ноќи 310€ 350 €
05.07.2020 7 ноќи 350€ 390 €
12.07.2020 7 ноќи 390€ 420 €
19.07.2020 7 ноќи 410€ 440 €
26.07.2020 7 ноќи 410€ 440 €
02.08.2020 7 ноќи 410€ 440 €
09.08.2020 7 ноќи 410€ 440 €
16.08.2020 7 ноќи 390€ 420 €
23.08.2020 7 ноќи 360€ 390 €

Табела бр.3 – вонсезонски цени

ТЕРМИН 30.08.2020 06.09.2020 13.09.2020 20.09.2020
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи
ТАЛАСА 165 € 145 € 115 € 85 €

 

Сместување за минимум 2 лица во студио, 3-та особа бесплатно (плаќа само превоз)

 

 

Напомени:

– Цените се дадени во евра. Плаќањето се врши ИСКЛУЧИВО и само во денари по курс 1 € = 62мкд.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата на 30% од целосната сума на аранжманот и фотокопија од пасош. Целосна доплата на аранжманот седум дена пред тргнувањеТермините дадени во табелата се непроменливи.

– Деновите дадени во табелите се денови на тргнување на паркингот спроти Холидеј Ин во 04.00 часот наутро (состанок на групата 30 минути порано), Ве молиме минимум 24 часа (еден ден) пред секое тргнување од Скопје да се информирате за потврда на својата резервација, како и за времето или местото.

– Автобуски превоз: возрасни 35 € ; деца од 02-12 год. 25 €

– Задолжително патничко осигурување.

– Собите се превземаат по 12.00 часот, а се напуштаат во 09.00 часот по локално време.

– За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.

– Во пакет аранжманите 10 евра се одбива од цената за сопствен превоз по лице.

– ПОПУСТИТЕ НЕ СЕ КОМБИНИРААТ ПОМЕЃУ СЕБЕ (попуст за рана резервација со попуст за две смени и сл.)!!!

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2020