Вила Сакис – Торони – Грција Лето 2019

Торони е мало место помеѓу Неос Мармарас и Порто Коуфо, на западниот брег на Ситонија, оддалечено околу 130 км од Солун. Заштитен знак му е преубавата плажа долга 2 км која е наградена со Сино Знаме и која секој турист го остава без здив.

ВИЛА САКИС – ТОРОНИ

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

 

Вила САКИС – Торони

Торони на југоисточниот дел од вториот крак полуостровот Ситонија. Долгата песочна плажа и тиркизната боја на егејот заокружени со боровата шума го прават ова место вистински рај. Убава пешачка патека покрај плажа,многу детски занимливости,ресторани,маркети ,а пред се и највкусната и свежа риба се служи во Торони.Идеално место за одмор за секоја возраст.

 

 

Хотел Апартманите Сакис се лоцирани на само неколку чекори до плажа. Убаво опремени 1/3 студија со кујна, во кој има дупол(француски кревет) и поединечен кревет на извлекување-комотни за спиење, комплетно опремена кујна со кујнски инвентар, мал фрижидер, решо, респиратор, Тв, клима уред, купатило со вц, и балкони го карактеризираме како убав семеен хотел апартмант. КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI и ПАРКИНГ (ограничен капацитет) – Е БЕСПЛАТНО

 

 

СТУДИО БР.8 (1/3) 3 ЛИЦА – Студиото се наоѓа на први кат.

Располага со еден дупол комотен кревет(француски) и еден поединечен кревет на извлекување под дуплиот, кујна опремена со кујнски инвентар,фрижидер,решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред.Има сопствено купатило и WC со пешкири,сапун и тоалетна хартија .Студиото излегува на тераса со маса и столици.Прозорите се опремени со комарници и ролетни.

 

 

СТУДИО БР.29 (1/3) 3 ЛИЦА – Студиото се наоѓа на втори кат.

Располага со еден дупол комотен кревет(француски) и еден поединечен кревет на извлекување под дуплиот, кујна опремена со кујнски инвентар,фрижидер,решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред.Има сопствено купатило и WC со пешкири,сапун и тоалетна хартија .Студиото излегува на тераса со маса и столици.Прозорите се опремени со комарници и ролетни.

 

Ценовник бр.1 со важност од 03/12/2018

Вила Сакис Табела бр.1 – вонсезонски цени / по лице со вклучен превоз (цените се со пресметан попуст за рани уплати !)

ТЕРМИН 19.05.2019 26.05.2019 02.06.2019 09.06.2019 16.06.2019
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи
1/3 студио 42 € 49 € 79 € 109 € 139 €

 

Вила Сакис Табела бр.2 – сезонски цени / наем на студио – превоз со доплата
ТЕРМИН НАЕМ САКИС 1/3 стд
23.06.2019 7 ноќи 299 €
30.06.2019 7 ноќи 319 €
07.07.2019 7 ноќи 339 €
14.07.2019 7 ноќи 399 €
21.07.2019 7 ноќи 399 €
28.07.2019 7 ноќи 399 €
04.08.2019 7 ноќи 399 €
11.08.2019 7 ноќи 399 €
18.08.2019 7 ноќи 359 €
25.08.2019 7 ноќи 309 €

 

Вила Сакис Табела бр.3 – вонсезонски цени / по лице со Вклучен превоз (цените се со пресметан попуст за рани уплати !)

Термин 01.09.2019 08.09.2019 15.09.2019
Ноќевања 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи
1/3 студио 159 € 89 € 69 €

 

 

НАПОМЕНИ:
– ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.За сопствен превоз редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра. Напомена: Во студио минимум 2 лица (плаќаат полна цена), трето лице плаќа само превоз.
– ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.
– Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 2,99 години во кревет со родител.
– Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
– Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 03:30 часот, а поаѓање во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
– Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
– Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
– За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
– Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
– За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
– Туристичката такса се плаќа во агенција, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
– Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

 

Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите. Цена на превозот:
  • Превоз за возрасен 35евра / Еден правец 25 евра
  • деца 2- 11,99години 25евра / Еден правец 20 евра / Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019