ВИЛА МИНАС НЕА ФЛОГИТА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Неа Флогита е мало селце кое се наоѓа непосредно до Неа Модања, на источната страна од полуостровот Касандра (првиот крак од Халкидики). Се работи за исклучително мирно туристичко место, идеално за сите кои сакаат потполна релаксација за време на летниот одмор. Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.

ВИЛА МИНАС – НЕА ФЛОГИТА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Куќата Минас е лоцирана во мирен дел на Неа Флогита, на околу 100 метри оддалеченост од плажа – море. Големи, просторни четирикреветни дуплекс апартмани, со по две одвоени спални соби и одвоена трпезарија со комплетно опремена кујна, ТВ, клима(вклучена во цена), интернет.

 

Термин

Ноќевања

1/4+1 дуплекс

26/5-2/6

7*

260*

2/6-12/6

10*

415*

12/6-21/6

9*

480*

21/6-30/6

9*

535*

30/6-9/7

9

640

9/7-18/7

9

680

18/7-27/7

9

740

27/7-5/8

9

740

5/8-14/8

9

740

14/8-23/8

9

740

23/8-1/9

9

670

1/9-11/9

10*

575*

11/9-21/9

10*

475*

21/9-1/10

10*

335*

 

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

 

Напомени и услови:
– Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари. Истите се за наем на апартман, за број на ноќевања, запишан во табелата.
– За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
– Цените означени со ѕвезда (*) имаат гратис превоз, за останатите превозот се доплаќа.
– Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
– Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
– Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.staff.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.staff.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје.
– Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 
Деца до 2 години бесплатно,без седиште
– Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
– Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
– За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „Стаф“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
– т.а. „Стаф“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Стаф“ и на самата агенција.

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019
Facebook35k
Instagram3k