ВИЛА ГАЛЕРИ АМУЛИЈАНИ – ГРЦИЈА ЛЕТО 2020

Амулиани е прекрасен мал остров на Егејско море, и е единствен населен во северниот дел на Грција.
Со големина од 4,5км2 изобилува со прекрасни плажи: Аликес, Агиос Георгиос, Мегалиамос, Карагација и многу мали заливи за оние кои сакаат да уживаат во интимата.
Лоциран е во заливот на планината Атос, и доминира зелената боја, со маслинови полиња…
Мирно место, го препорачуваме за семејства и парови кои сакаат вистински одмор. Местото е полно со таверни, бутици, кафе барови и продавници.
Всушност, отпатувајте заедно за нас и вратете се со свои впечатоци од ова мало, извонредно место, се надеваме дека ќе уживате во неговите убавини.

ВИЛА ГАЛЕРИ АМУЛИЈАНИ

ГРЦИЈА ЛЕТО 2020

15 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА  ДО 07.12

ИНФО НА 071/451-633 или 02/2774-371

Куќата Галери е лоцирана во мирниот дел на селцето, на само 350 метри од главното пристаниште. Располага со двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија, со ТВ, клима уред, комплетно опремени кујни, тоалет, тераса.

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

31.5-7.6

7

109

49

7.6-14.6

7

119

59

14.6-21.6

7

155

69

21.6-28.6

7

175

79

Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2 студио

1/3 студио

1/4 студио

28.6-7.7

9

399

439

479

7.7-16.7

9

459

489

559

16.7-25.7

9

499

549

629

25.7-3.8

9

499

549

629

3.8-12.8

9

499

549

629

12.8-21.8

9

499

549

629

21.8-30.8

9

469

499

569

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 и 4 лице

30.8-6.9

7

175

79

6.9-13.9

7

155

69

13.9-20.9

7

119

59

20.9-1.10

10

109

49

Доплата за туристичка такса во Р.Грција, 0,50 € по соба на ден (се доплаќа во објектот)

Галери

 

Напомени и услови:
– Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.
– Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица. за патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума.
 – Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 2.790 мкд. (45 евра)
За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
– За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
– Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
– Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман
– Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.staff.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница (www.staff.mk) е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје.
– Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
– Клиентите кои не користат оранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
– За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „Стаф“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
– т.а. „Стаф“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Стаф“ и на самата агенција.

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2020