Вила “Evi 2” – Неа Каликратија – Грција Лето 2019

Ново во нашата понуда-Неа Каликратија, оддалечено само 40 км од Солун, првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забава за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 км од градот се наоѓа познатата плажа „Sahara“, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

Вила “Evi 2” – Неа Каликратија

Грција Лето 2019

ПОПУСТ ОД 10 %

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 01.03.2019 !!!

Вилата Evi II е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Вила „Evi II” – Неа Каликратија

Термин:

Ноќевања: 1/3 студио

1/4+1 апартман

22.05-01.06.2019

10 12.400 ден (200 ) 17.360 ден (280 )
01.06-11.06.2019 10 15.500 ден (250 )

20.460 ден (330 €)

11.06-21.06.2019

10 18.600 ден (300 €) 26.040 ден (420 )
21.06-01.07.2019 10 22.940 ден (370 €)

30.380 ден (490 €)

01.0711.07.2019

10 27.280 ден (440 €) 34.720 ден (560 €)
11.07-21.07.2019 10 32.860 ден (530 €)

40.300 ден (650 €)

21.07-31.07.2019

10 32.860 ден (530 €) 40.300 ден (650 €)
31.07-10.08.2019 10 32.860 ден (530 €)

40.300 ден (650 €)

10.08-20.08.2019

10 32.860 ден (530 €) 40.300 ден (650 €)
20.08-30.08.2019 10 27.280 ден (440 €)

34.720 ден (560 €)

30.08-09.09.2019

10 22.940 ден (370 €) 31.000 ден (500 €)
09.09-19.09.2019 10 18.600 ден (300 €)

26.040 ден (420 €)

19.09-29.09.2019

10 14.260 ден (230 €)

20.460 ден (330 €)

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Вила Evi 2 – Неа Каликратија – Студио бр.3

Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има два единечни кревети со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.

Вила Evi 2 – Неа Каликратија – Апартман бр. 4

1/4 +1 апартман на прв спрат во вилата. На самиот влез во апартманот се наоѓаат елементите од кујната, сосема издвоени од спалните соби. Тука има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Апартманот има други две простории кои се спални. Во првата соба има два единечни кревети со нормална димензија, мебел и клима. Од оваа соба се влегува во купатилото кое е со нормална големина, а затоплувањето на водата е со сопствен бојлер. Од првата соба се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети со нормални димензии, еден кауч на кој може да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, мебел и телевизор, а од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.

Вила Evi 2 – Неа Каликратија – Апартман бр.5

Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има еден дупли кревет со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, мал фрижидер  и комплет садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019

 

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Неа Каликратија
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.