Вила “Evi 1” – Неа Каликратија – Грција Лето 2019

Ново во нашата понуда-Неа Каликратија, првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 4 километри од градот се наоѓа познатата плажа „Sahara“, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

Вила “Evi 1” – Неа Каликратија 

Грција Лето 2019

ПОПУСТ ОД 10 %

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 01.03.2019 !!!

Вилата Evi I е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од моретомеѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Вилата е мала, од типот на семејните куќи и располага со само два апартмани- четирикреветен и шесткреветен кои имаат поглед во вилата Evi IIкоја се наоѓа на самата улица. Апартманите се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Сместувачките капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.

Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата. Агенцијата како организатор не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Вила „Evi I” – Неа Каликратија
Термин: Ноќевања: 1/3 апартман

1/4+1 апартман

22.05-01.06.2019

10  9.300 ден (150 ) 15.500 ден (250 )
01.06-11.06.2019 10 12.400 ден (200 )

18.600 ден (300 €)

11.06-21.06.2019

10 15.500 ден (250 €) 24.180 ден (390 )
21.06-01.07.2019 10 19.840 ден (320 €)

28.520 ден (460 €)

01.0711.07.2019

10 24.180 ден (390 €) 34.100 ден (550 €)
11.07-21.07.2019 10 29.760 ден (480 €)

38.440 ден (620 €)

21.07-31.07.2019

10 29.760 ден (480 €) 38.440 ден (620 €)
31.07-10.08.2019 10 29.760 ден (480 €)

38.440 ден (620 €)

10.08-20.08.2019

10 29.760 ден (480 €) 38.440 ден (620 €)
20.08-30.08.2019 10 24.180 ден (390 €)

32.860 ден (530 €)

30.08-09.09.2019

10 19.840 ден (320 €) 27.900 ден (450 €)
09.09-19.09.2019 10 15.500 ден (250 €)

23.560 ден (380 €)

19.09-29.09.2019

10 11.780 ден (190 €)

18.600 ден (300 €)

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

Вила Еви 1 – Неа Каликратија – Апартман бр.1

1/4 +1 дуплекс апартман на прв спрат. Апартманот има три простории. Во првата соба има еден кауч (на кој може да спие едно возрасно лице или две деца на возраст до 6 години), телевизор и клима уред. Во истата просторија има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се влегува во мало купатило со сопствен бојлер, како и две посебни спални соби издвоени со врати. Во секоја спална соба има по два единечни кревети со нормални димензии и мебел. Апартманот има и пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња.

Вила Еви 1 – Неа Каликратија – Дуплекс бр.2

Трокреветен апартман на приземје. Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има електрично решо, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години. Тука е и клима уредот. Од оваа просторија се влегува во купатилото кое има сопствен бојлер, како и во втората спална соба опремена со два единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон дворот на вилата. Апартманот се препорачува за семејства со мали деца бидејќи пред влезот има мало дворно место од каде нема излез на улица. Просторот е опремен со пластична маса и столчиња.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019

 

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Неа Каликратија
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.