Вила Елени – Неа Рода – Грција Лето 2019

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено…На спротивниот дел од Неа Рода се наоѓа мало пристаниште од каде секој ден од локалните риболовци можете да купите свежа риба и морски плодови по многу поволни цени. Целосно затскриениот залив е исто така популарен меѓу сурферите и љубителите на глисери. Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

Вила Елени – Неа Рода

Грција Лето 2019

ПОПУСТ ОД 7 %

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 31.03.2019 !!!

Вила Елени е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 50 метри од плажата во Неа Рода, веднаш над вилата „Maria Pashalidou“. Во вилата располагаме со две 1/2+1 соби и еден четирикреветен апартман на прв спрат. Собите имаат тераси со поглед на море и издвоена заедничка кујна, а апартманот има поглед во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети имаат телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вила „Eleni” – Неа Рода
Термин: Ноќевања: 1/2+1 соба 1/4 апартман
26.0505.06.2019 10 12.400 ден (200 €) 15.500 ден (250 €)
05.06-15.06.2019 10 15.500 ден (250 €) 18.600 ден (300 €)
15.06-25.06.2019 10 18.600 ден (300 €) 24.800 ден (400 €)
25.06-05.07.2019 10 21.700 ден (350 €) 31.000 ден (500 €)
05.07-15.07.2019 10 24.800 ден (400 €) 34.100 ден (550 €)
15.07-25.07.2019 10 27.900 ден (450 €) 37.200 ден (600 €)
25.07-04.08.2019 10 27.900 ден (450 €) 37.200 ден (600 €)
04.08-14.08.2019 10 27.900 ден (450 €) 37.200 ден (600 €)
14.08-24.08.2019 10 27.900 ден (450 €) 37.200 ден (600 €)
24.08-03.09.2019 10 24.800 ден (400 €) 31.000 ден (500 €)
03.0913.09.2019 10 18.600 ден (300 €) 24.800 ден (400 €)
13.09-23.09.2019 10 14.260 ден (230 €) 20.460 ден (330 €)

 

Вила Елени – Соба бр.1

Двокреветна соба на прв спрат во вилата. Има еден дупли кревет со нормална димензија и еден помошен кревет на расклопување на кој може да спие едно дете.  Опремено е со мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Има купатило со помали димензии, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори. Од собата се излегува на тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон море. Кујната е целосно издвоена од собата, опремена е со прибор за готвење и јадење и наменета е заеднички да се користи со туристите од соседната соба бр.2.

 

Вила Елени – Соба бр.2

Двокреветна соба на прв спрат во вилата. Има еден дупли кревет со нормална димензија и еден дополнителен кревет на  кој може да спие едно лице.  Опремено е со мебел, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Има купатило со помали димензии, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори. Од собата се излегува на тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон море. Кујната е целосно издвоена од собата, опремена е со прибор за готвење и јадење и наменета е заеднички да се користи со туристите од соседната соба бр.1.

 

Вила Елени – Апартман бр.3

Четирикреветен простран апартман на првиот спрат во вилата. На самиот влез во апартманот е поставен клима уредот чие користење е вклучено во цената. Од овој мал меѓупростор кој не е преграден со врата се влегува во голема просторија за дневен престој. Кујната е комплетно опремена со прибор за готвење и јадење, со електричен шпорет со аспиратор и со голем фрижидер со издвоена комора за замрзнување. Во собата има трепезариска маса со столчиња која го издвојува просторот од останатиот дел во собата каде има два кауча на кои можат да спијат две возрасни лица, како и мебел и голем телевизор. Втората просторија е спална соба опремена со еден дупли кревет со нормални димензии и мебел. Од спалната соба се излегува на истата тераса. Апартманот има купатило со помали димензии, а затоплувањето на водата е со сончеви колектори.

 

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019