Вила „Elena Nina“ Скала Потамиа – Тасос – Грција лето 2019

Тасос

Островот Тасос се наоѓа на североисточна Грција. Тасос е помал остров и има скоро совршена форма на круг. Со обем од околу 100км, опкружен е со прекрасни песочни плажи. Дури и во најтоплите денови кога секаде е прополно со туристи, овде ќе најдете мирна плажа во некој од тиркизните заливи. Внатрешноста на островот е недопрен планински предел во кој се распрскани селца непроменети од времето. Целиот остров е прекриен со богата шума од црн и македонски бор. Најшумовитиот и најблискиот остров уште се нарекува и „зелен остров“. Синото море, зелените шуми и блескавит бел мермер ќе ви овозможат незаборавно искуство.

ВИЛА „ELENA NINA“ СКАЛА ПОТАМИА – ТАСОС

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Вилата се наоѓа во Скала Потамиа, на 150 метри од најубавата плажа на островот Golden Beach. Во близина има супер маркет, таверни, а центарот на Скала Потамиа е на околу десетина минути пешачење. Опкружена е со голем двор во кој се поставени гарнитури за седење а има и топоган за деца. Околу вилата има доволно места за паркинг за гостите кои доаѓаат со сопствен превоз. Вилата поседува wi-fi и клима уред (вклучен во цената). Апартманите се сместени на високо приземје и прв спрат и во секој од нив има ТВ, тераси и комплетно опремени кујни. Сите апартмани содржат брачен кревет во спалната соба и кревет на расклопување во кујната каде што може да се сместат двајца возрасни.

Период

Услуга: ноќевање

Бр. на ноќевања 1/3+1

апартман

26.05-02.06.19 7* 120
02.06-09.06.19 7* 160
09.06-16.06.19 7* 180
16.06-23.06.19 7* 210
23.0630.06.19 7* 250
30.06-09.07.19 9 540
09.07-18.07.19 9 650
18.07-27.07.19 9 650
27.0705.08.19 9 650
05.08-14.08.19 9 650
14.08-23.08.19 9 650
23.0801.09.19 9 580
01.0908.09.19 7* 210
08.09-15.09.19 7* 180
15.09-22.09.19 7* 160
22.09-29.09.19 7* 120

 

Напомена:
  • Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколку користи)
  • Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман за 9 ноќевања без вклучен превоз
  • За резервирани два последователни аранжмани одобруваме 10% попуст на втората смена (не се комбинира)
  • Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот
  • За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
  • Во секое од апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во апартманот
  • Постелнината во студијата се менува еднаш за време на престојот
  • Сместување во студијата/апартманите е после 14 часот по локално време а напуштање на апартманите е до 09 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
  • При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.

 

Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:

  • возрасни: 50 €
  • деца од 2 до 12 години: 35 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)

 

Агенцијата оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Туристичка такса од 0,5€ на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место по пристигнување (check in) во објектот.

 

Скала потамиа  

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019