Вила Анастасиа – Неа Рода – Грција Лето 2019

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено…На спротивниот дел од Неа Рода се наоѓа мало пристаниште од каде секој ден од локалните риболовци можете да купите свежа риба и морски плодови по многу поволни цени. Целосно затскриениот залив е исто така популарен меѓу сурферите и љубителите на глисери. Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

Вила Анастасиа – Неа Рода

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

ПОПУСТ ОД 10 %

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 01.03.2019 !!!

Вила Анастасиа e лоцирана во строгиот центар,на само 20 метри од плажатаво Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс апартмани на прв спратеден седумкреветен дуплекс апартман и едно трикреветно студио на високо приземје. Апартманитеимаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опремена со мини електричнен шпорет со рерна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Вила „Anastasia” – Неа Рода
Термин: Ноќевања: 1/3 студио 1/4+1 апартман 1/7+1 апартман
26.0505.06.2019 10 12.400 ден (200 €) 15.500 ден (250 €) 18.600 ден (300 €)
05.06-15.06.2019 10 16.740 ден (270 €) 19.840 ден (320 €) 22.940 ден (370 €)
15.06-25.06.2019 10 19.840 ден (320 €) 26.040 ден (420 €) 29.140 ден (470 €)
25.06-05.07.2019 10 22.940 ден (370 €) 32.240 ден (520 €) 38.440 ден (620 €)
05.07-15.07.2019 10 26.040 ден (420 €) 35.340 ден (570 €) 41.540 ден (670 €)
15.07-25.07.2019 10 29.140 ден (470 €) 38.440 ден (620 €) 44.640 ден (720 €)
25.07-04.08.2019 10 29.140 ден (470 €) 38.440 ден (620 €) 44.640 ден (720 €)
04.08-14.08.2019 10 29.140 ден (470 €) 38.440 ден (620 €) 44.640 ден (720 €)
14.08-24.08.2019 10 29.140 ден (470 €) 38.440 ден (620 €) 44.640 ден (720 €)
24.08-03.09.2019 10 26.040 ден (420 €) 32.240 ден (520 €) 35.340 ден (570 €)
03.0913.09.2019 10 19.840 ден (320 €) 26.040 ден (420 €) 29.140 ден (470 €)
13.09-23.09.2019 10 15.500 ден (250 €) 21.700 ден (350 €) 24.800 ден (400 €)

 

Вила Анастасиа – Апартман бр.1

Простран четирикреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби одделени со врати кој се наоѓа на првиот спрат во вилата (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4+1апартман дуплекс). Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со мала комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во големо купатило опремено со када. Во едната спална соба има два споени единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Од собата се излегува на тераса која е опремена со маса и столчиња, долга е и има поглед во дворот на вилата. Во втората спална соба има еден дупли кревет, тросед на развлекување, мебел, трепезариска маса и телевизор. Тука се наоѓа и клима уредот, а од собата се излегува на истата тераса која поминува покрај двете спални соби.

Вила Анастасиа – Апартман бр.2

Простран четирикреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби одделени со врати кој се наоѓа на првиот спрат во вилата (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4+1апартман дуплекс). Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со мала комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во пространо купатило. Во едната спална соба има два споени единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Од собата се излегува на тераса која е опремена со маса и столчиња, долга е и има поглед на улицата. Во втората спална соба има еден дупли кревет, софа на развлекување, мебел и телевизор. Тука се наоѓа и клима уредот, а од собата се излегува на истата тераса која поминува покрај двете спални соби.

Вила Анастасиа – Апартман бр.3

Простран седумкреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби одделени со врати, кој се наоѓа во приземјето на вилата (во ценовникот апартманот е назначен како 1/7+1 дуплекс). Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот има голема просторија во која има еден дупли кревет, а во продолжение на истата просторија се поставени елементите од кујната: мини електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење, трепезариска маса. Во овој дел има уште еден мал кревет (димензии 180 x 82 см). Од овој простор се влегува во пространо купатило. Во едната спална соба има еден дупли и еден единечен кревет со нормални димензии, мебел, телевизор и клима. Од собата се излегува на тераса која е опремена со маса и столчиња, долга е и има поглед во дворот на вилата. Во втората спална соба има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима и тераса.

Вила Анастасиа – Студио бр. 4
Трокреветно студио кое се наоѓа на високо приземје. Влезот во студиото е од надворешниот дел на вилата. Во студиото има еден дупли и еден единечен кревет, а во истата просторија се поставени елементите од кујната: мини електричен шпорет, аспиратор,  фрижидер со комора, садови за готвење и јадење, телевизор и клима уред. Од овој простор се влегува во купатилото кое е со помали димензии. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со маса и столчиња и има поглед на улица.
Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци – Неа Рода
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019